Контакт

Забава

Тајното оружје на индиската армија

Објавено пред

Индиската армија се пофали дека го има новото оружје против тероризмот од кој во земјата страдаат многу луѓе

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на пробите и експериментите, индиската армија одлучила бо изработката на своевидни гасни бомби да ја употреби најлутата пиперка на светот. Ова „тајно оружје“ од автохтоната сорта бхут јолокија (bhut joloki) има големина на палец а од 2007 г. официјално влезе во Гинисовата книга на рекордите како најлутата зачин на светот. Овој вид пиперчиња се одгледуваат и се употребуваат како зачин во североисточната индиска држава Ассам, а се употребува и како лек за проблемите со желудникот. „Тоа дефинитивно ќе биде ефикасно нетоксично оружје, бидејќи неговиот остар мирис може да ги задуши терористите и да ги натера да излезат од нивните засолништа’, изјавиле за индиските медиуми извори од лабораторијата при индиското министерство за одбрана. Исто така, медиумите пренесуваат дека сега се испитува и можното користење на оваа пиперка за правење спреј кој жените ќе го употребуваат за одбрана од напаѓачи. Во ботаничките енциклопедии е наведено дека пиперката од сортата бхут јолокија има повеќе од милион Сковелиови единици со кои се мери лутината на зачините и растенијата. Притоа се прави споредба со еден од познатите лути зачини сосот Табаско кој има од 2.500 до пет илјади Сковиелови единици. Втора е зачинот од пиперката Red Savina habanero која има 580 илјади Сковили.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Славниот актерски пар очекува трето дете: разголена роденденска честитка, па најдобрата вест

Објавено пред

Американската актерка Тројан Белисарио, ѕвезда од серијата „Pretty Little Liars“ и нејзиниот сопруг Патрик Џ. Адамс (44), актер од популарната серија „Suits“, ја објавија среќната вест дека го очекуваат своето трето дете и наскоро ќе станат семејство од пет члена.

dobivaj vesti na viber

Славниот пар веќе има две ќерки, Аурора, која има седум години, и Елиот, кој има четири години, и сè уште не е познато дали нивните наследници ќе имаат брат или сестра.

Гласините започнаа пред два дена, кога Тројан го прослави својот 40-ти роденден и го покажа својот труднички стомак во видео, со пораката: „Доаѓа нова деценија и сосема ново човечко суштество кое ќе ја следи“.

Само еден ден подоцна, пристигна официјална потврда дека очекуваат бебе, кога Патрик го објави тоа на својот Инстаграм профил. Станува збор за црно-бела фотографија на која неговата сопруга позира во профил додека гледа низ прозорецот и го држи стомакот, а со оваа емотивна сцена испрати трогателна порака до нивното неродено бебе.

„Сè уште не го знаеме твоето име. Не го знаеме твојот пол. Не знаеме како изгледа твојата насмевка или што ќе направи со нашите срца. Не знаеме што ќе те насмее или те расплаче или која ќе биде твојата прва омилена храна. Не знаеме што ќе те исплаши или како ќе научиш да го надминеш тоа. Не знаеме која музика ќе те раздвижи или каква облека ќе земеш кога рацете ти се доволно силни за да ја држат“, напиша идниот татко.

Не е познато кога актерката треба да се породи, но Патрик исто така нагласи дека со нетрпение ги очекуваат сите изненадувања со новото бебе, иако веќе имаат искуство со две раѓања и две деца.

„Бевме тука и претходно, но никогаш не сме биле тука со тебе, па затоа всушност не знаеме ништо. Речиси ништо. Она што го знаеме е дека те чека бесконечен извор на љубов. Љубов, смеа, солзи, забави, приспивни песни и лекции. Ќе ти покажеме некои работи, но ти ќе нè научиш на сè друго. Не знаеме многу, но знаеме дека не сакаме ништо повеќе освен да бидеме твои родители. Чудна е сцената на која ќе стапнеш наскоро, но ние ќе бидеме тука за тебе низ оваа застрашувачка и прекрасна претстава. Ти благодариме што нè избравте нас. Секогаш ќе те избереме тебе. Наскоро…“, гласи неговата порака.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Српската инфлуенсерка ја носи најмодерната јакна за сезоната: „Премногу скапа, но совршена“

Објавено пред

Една од познатите српски познати инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, сподели интересно видео со своите обожаватели. Тамара често дава совети за облекување, а секое нејзино појавување на јавни настани е впечатливо и вреди да се коментира.

dobivaj vesti na viber

Сега таа го сподели својот ентузијазам за документарецот за Викторија Бекам, но и за јакната што ја виде кај познатата дизајнерка и веднаш посака да ја купи.

@tamara Got influenced by the @Victoria Beckham documentary (and of course I can never say no to a good leather jacket 🫣) #victoriabeckham #leatherjacket ♬ original sound – Tamara Kalinic

„Таа ја пробуваше таа кожна јакна и ја крена јаката. Таа сцена толку многу ми остана во сеќавање што решив веднаш да ја купам. Дали ви се допаѓа документарецот? Мене ми се допаѓа, и очигледно добро работа прави за маркетингот“, рече Тамара во видеото.

Инфлуенсерката го покажа и моделот што го купи, а единствената разлика е што Викторија имаше малку потемна нијанса, додека Тамара се одлучи за посветла. Моделот со потпис на Викторија Бекам дава елеганција на секое модно издание и го нагласува струкот.

@tamara These heels are clearly made for a quick sprint 🏃🏻‍♀️ #whatareyouwearing ♬ sonido original – Carlos Feria

Цената, секако, не е многу прифатлива, па за ова парче мора да се издвојат околу 3.000 евра, но без оглед на цената, луѓето во коментарите беа воодушевени од јакната.

„Никогаш не сум видела поубава“, „Толку е совршена“, „Шик и модерна“, „Прекрасна јакна“, „Прескапа, но совршена“, беа некои од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Самотијата и годи: убавата актерка ги излуди сите со проѕирен фустан

Објавено пред

Актерката Нина Добрев се појави на доделувањето на наградите CFDA и беше една од неколкуте познати личности кои ги освоија сите со своето модно издание.

dobivaj vesti na viber

Иако Нина беше во центарот на вниманието поради својот љубовен живот во минатото, овој пат, таа го насочи целото свое внимание кон модата и направи одличен потег.

@gala.fr #ninadobrev #vampirediaries #onregardequoi #tiktokfashion #cfdafashionawards ♬ That’s So True – Gracie Abrams

Таа прошета по црвениот тепих во гламурозен фустан без прерамки украсен со цветни мотиви. Црно-црвената комбинација совршено ѝ прилегаше на убавата актерка, а дизајнерката Каролина Херера повторно ги покажа нејзините модни вештини.

@mtvuk Nina Dobrev looking divine in a floral Carolina Herrera dress at the CFDA Fashion Awards 🌹 #ninadobrev #cfdaawards #mtvceleb ♬ cool for the summer x only girl in the world – ALTÉGO

Со оглед на тоа што долниот дел од фустанот е проѕирен, Нина отстапи од традиционалното и нè убеди сите дека може да биде провокативна, само кога сака.

Своето смело модно издание го комплетираше со црни потпетици, додека косата ја врза во полежерна пунџа и брзо стана главна тема на социјалните мрежи. Нејзиниот изглед речиси стана вирален, а луѓето не престануваат да ја фалат во коментарите.

Исто така, се чини дека Нина ужива да биде сама, откако раскина со Шон Вајт по пет години врска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 час

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 час

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа1 час

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет1 час

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија18 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ18 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија19 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион20 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион22 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија23 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа23 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион23 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет24 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа24 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија1 ден

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет1 ден

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион1 ден

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион1 ден

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...