Забава
(Видео) 22-годишната Клавдија ќе ја претставува Грција на Евровизија

Грците избраа кој ќе ги претставува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија.
Учествуваа 12 песни, а телевизиската мрежа ЕРТ ги повика граѓаните да гласаат за својот фаворит. Покрај публиката, својот глас го дадоа и членовите на националното и меѓународното стручно жири.
Победник на натпреварот е Клавдија Пападопулу со песната „Астеромата“.
Клавдија доби 44 поени, а второпласираната Евангелија со песната „Вале“ 42 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на подкастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како Грок, до која луѓето можат да пристапат преку Икс.
Роган се пошегува дека Грок има „валкан режим на разговор од 18+“ и „непресметлив“ режим, нарекувајќи го „многу чуден“. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс роботи, предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган, додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Наскоро вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, Роган го прашал, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.
Забава
(Видео) Најзгодната актерка на денешницата ќе ја глуми Парис Хилтон во биографски филм?

Парис Хилтон навести важна работа за претстојниот биографски филм, а обожавателите мислат дека таа откри кој ќе ја глуми. Сидни Свини, која многумина ја сметаат за најжешката актерка на денешницата, е една од најверојатните кандидати според она што го зборуваше Парис.
На забавата за Оскарите, Хилтон изјави дека главната актерка веќе е избрана за адаптацијата на нејзината книга Paris: The Memoir, која е објавена на 14 март 2023 година. Таа разговараше со Сејди Мареј носејќи фустан од Sophie Couture и накит Brilliant Earth.
„Толку сум возбудена што ќе го продуцирам ова со Ела и Дакота Фенинг“, изјави Хилтон. Биографскиот филм за прв пат беше најавен во октомври 2023 година. Продуценти се Брус Герш, Британи Кахан Вард и Дејвид Бернад.
На прашањето кој ќе ја игра, Хилтон беше мистериозна. „Знам, но тоа е изненадување. Не можам да кажам“, рече таа.
„Таа е русокоса“, се насмеа авторката. „Таа е легендарна, убава, неверојатна актерка и луѓето ќе бидат воодушевени да ја видат“, додаде Хилтон.
Забава
Ирина Шајк дојде на карневалот во Рио де Жанеиро, објави 18+ фотографија

Манекенката Ирина Шајк дојде на овогодинешниот карневал во Рио де Жанеиро. На вториот ден од парадата таа прошета во син костим.
Нејзиниот изглед го привлече вниманието на учесниците на карневалот, минувачите и фотографите.
Во пресрет на карневалот, Ирина го најави своето појавување со објава на Инстаграм. Таа позираше целосно гола на креветот. Таа имаше само накит околу вратот и на рацете, што исто така беше дел од нејзиниот карневалски аутфит.
„Среќна сум што сум дел од вечерашната парада. Нервозна сум и возбудена. Бразил, те сакам. Ти благодарам за најтоплиот дочек. Одлична можност е да бидам тука, да ги славиме животот и љубовта“, напиша Ирина.