Забава
Вештачко оплодени деца од три родителa
На универзитетот во Њукасл научниците создале ембриони со вештачко оплодување кои носат гени на две жени и еден маж
Според изјавите на научниците, целта на овој метод е надежта дека на родителите ќе им се раѓаат деца без митохондриски болести, кои се наследни, пишува мезгазинот Natrue.Дефектите на митохондриските гени се поврзани со појавата на повеќе десетина болести, меѓу кои се Болестите кои се последици на оваа појава можат да бидат многу опасни, како неправилан работа на дробот, срцето или бубрезите, епилепсија, слепост, мускулна дистрофија, остеопороза, дијабетес, Алцхајмерова или Паркинскова болест, или вкупно педесетина неизлечиви болести.Научниците со медицинска постапка ги отстраниле јадрата на сепрмиумите и јајцата на двојките и ги оставиле дитохондриите. Јадренцата ги ставиле во едне од оплодените клетки и од таа клетка е извадено јадрото, но останал здрав митохондриум. „Оваа постапка може да се спореди со промената на батерии на лаптоп, бидејќи изворот на енергија сега фунцкионира коректно, а ниедна информација не променета“, изјавил научникот Даг Табмул.Користејќи го овој метод, научниците успеел да создадат 80 ембриони, но по осум дена ги уништиле, бидејќи таа техника се уште е незаконска. Во Велика Британија веќе неколку години се води полемика за предлох-закон со кој би се создавале ембриони од три родитела.Повеќето научници не го прифаќаат овој метод и велат дека постојат и други со кои се лечат наследните болести, бидејќи со оваа постапка дете ќе иам две мајки и вкупно три родитела, што ќе предизвика и емотивни и психолошки,како и правни последици. Во август 2009 г. беше објавено дека научници од универзитетот во Орегон, САД, создале четири бебиња на мајмуни, а секое има по три родитела. Тие го користеле методот за ин витро оплодување и ДНК ја префрлиле од едно јајце во друго за да се избегнат наследните болести.Се верува дека овој метод на генетски инженеринг за неколку години ќе може да се употребува и кај луѓето, а целта е да се избегне пренесувањето на неизлечивите наследни болести кај поколенијата. Експериментот е поттикнат од податоците каков што е на пример со митохондријата во Велика Британија каде се раѓа едно бебе на 6.500-ини,односно околу 150 годишно.Со овој метод би требало да се спречи жени кои го носат т.н. „расипан“ ген, односно лошите митохондрии да ги пренесуваат на своите деца. Испитувањњето се базира на тоа што митохондрискиот ДНК може да се пренесе само со јајце клетката, а не со спермата. Ако мајката има некоја генетска болест, нејзиниот здрав ДНК би бил префлрен во јајце-клетка која ја донирала друга жена која всушност би го надоместила „расипаниот“ митохондриум.Така децата зачнати по овој пат би имале три родитела, поправо мајка, татко и донор. Меѓутоа, бидејќи митохондриската ДНК влијае единствено на тоа како келиите храната је претвораат во енергија, децата во основа би ги задржале наследните физички особини само на биолошката мајк.Тимот научници кои го создале четирите мајмунчиња макаки замал јајце-клетка од мајката која носела мтохондриска болест и и од неа ја извадил ДНК-ата. Резултатот бил хибрид кој содржел здрава ДНК на мајката и здрава митохондриска ДНК на донорката која дала здрави мајмунчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

