Забава
Руски политичар тврди дека го киднапирале вонземјани
Кирсан Иљумжинов, лидер на јужна покраина Калимкија, во ударна тв емисија тврдел дека бил грабнат од вонземјани облечени во жолто на нивниот вселенски брод и бара итна истрага од претседателот Медведев
Кирсан Иљумжинов ова го тврдел во емисија на телевизијата Channel One минатат седмица, велејќи дека минал неколку часови меѓу вонземјаните. Тој тврдел дека тие го посетиле во неговиот стан во центарот на Москва на 18 септември 1997 г., пишува Великая Эпоха ( The Epoch Times ). Тој раскажал дека спиел кога слушнал дека некој го вика од балконот. Излегол надвор и видел вселенски брод „до половината проѕирен, од половината како цевка“. Влегол во него и видел суштества случни на човечките облечени во жолто. Иљумжинов изјавил дека не можел да комуницира со вонземјаните.„Често ме прашуват на кој јазик разговарав со нив. Комуникацијата беше на ниво на размени на мисли.“, рекол политичарот кој додал дека со нив го обиколил нивното летало на кој имало некои примероци од Земјата.Иљумжинов тврдел и дека има неколку сведоци кои ќе го потврдат неговото кажување.Рускиот пратеник Андреј Лебедев побарал итна истрага за овие негови изјави. Од валдата дури барал и да наведе насоки што политичарите треба да сторат во случај да бидат грабнати од вознемјани. Во писмото до претседателот Дмитриј Медведев, биле наведени повеќе проблеми во врска со ова, а Лебедев смета, под претпоставка дека не станува збор за солена шега, дека се случил историски настан кој Кремљ треба детално да го испита. Исто така, поставуа и прашање дали не би требало да постојат јасни упатства за валдините службеници што да направат во случај да бидат конкаткирани од вонземјани. Потенцира дека тоа требало да се однесува на оние функционери кои имаат пристап до државните тајни.Четириесет иосум-годишниот Кирсан Николаевич Иљужинов е првиот и единствениот претседател на малиот будистички регион на брегот на Каспиското Море на чие чело се наоѓа 17 години. Тој е поранешен бизнисмен и милионер кој е познат по ексцентричното однесување и карактер. Претседател е на светската шахофска федерација а потрошил десетици милиони долари од својата поркаина да направи рај за шахистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.

