Забава
Двегодишник пуши по 40 цигари дневно
Момченце од градот Муса Банјуасин на Суматра пуши е тежок зависник од цигари кои ги пуши по две кутии дневно, пишува во својата репоратажа Daily Mail
Арди Ризал првпат запалил цигара кога имал само година и пол што му ја дал неговиот татко, Мохамад Ризал, 30-годишен трговец со риби и оттогаш целосно е зависен од пушењето. Таткото се жали дека дететот сака да пуши само еден бренд цигари, и тоа оние кои неговото семејство го чинат по четири евра дневно во земја во која најниската месечна плата е под 80 евра. Меѓутоа, малиот Арди има уште еден проблем. Имено двегодишникот веќе сега има 26 килограми и е тешко подвижен. Тој целиот ден го минува на својот велосипед камион испуштајќи густ чад од цигарите.Неговата 26-годишна мајка, Дијана, која безуспешно се труди да го одвикне од пушењето вели дека има гоелми проблеми со тоа.„Наполно е зависен. Ако не добие цигари, се разбеснува, вреска и ја удира главата од ѕид. Вели дека без цигарите му се лоши и дека му се врти во главата“, вели мајката.Локланите власти му понудиле на семејството да му купат автомобил доколку го одвикната речиси бебето да пуши, на што тактото само кусо коментирал – „Мене ми излгеда доста здраво. Не гледам во што е проблемот“.Инаку според индонезиската Централана статистичка агенција 25 отсто децата во Индонезија на возраст од три до 15 години проблае цигари, а 3,2 отсто се активни пушачи. Овој случај во земјата предизвика жестока полемика. Така Сето Мулјади, претседател на здружението за заштита на децата ги обвини за ваквите појави агресивната кампања на тутнската индустрија и родителите пушачи. „Треба да се донесе веднаш закон за заштита на децат и пасивните пшачи“, вели Мулјади.Индонезија во 2009 г. требнаше да донесе закон за контрола на пушењето, но тој нацрт-законот беше повлечен по притисокот на тутунските компании. Инаку оваа индустрија е значајна гранка во земјата во која мината година биле прозиведени 245 милијарди цигари, а владата се обидува годинава да гонамали нивното производство на „само“ 240 милијарди цигари. Сепак се смета дека ова ќе од многу тешко затоа што Индонезијците се третата пушачка нација во светот, како што стои на страницата на тамошното министерство за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

