Забава
Може ли Моцарт да ги поттикне микробите подобро да работат?
Во една прочистителна станица во близина на Берлин надлежните им пуштаат Моцарт на микробите кои ја разградуваат биомасата, во надеж дека сларките звуци ќе ги поттикнат да работат повеќе, пишува германски Spiegel
Малку Моцарт, како што се чини, е добро за сите видови наживот. Веќе имаме „Моцарт за утринските гужви“, „Моцарт за вашиот ум“, а сега тука е и „Моцарт за вашата канализација“. Установата за третман на отпадните води во гратчето Тројнебрицен, на околу еден час со автомобил од престолнината Берлин, во изминативе два месеца тестираше специјален стерео систем, откако една австриска установа од тој вид излезе со тврдење дека Моцарт ги натерал нивните микрорганизми ко ја јадат отпадната маса да покажат многу подобри перформанси, што им помогнало да ги намалт трошоците.„Тестирањето ќе покаже дали тоа ќе функционира и кај нас“, вели Детлеф Даличоу, менаџер на отпадните води во германската установа.Процесот го разви малата германска фирма „Мундус“, со седиште во Вајзенбург во североисточна Германија. Антон Штуки, основач и еден од партнерите во фирмата, самиот го измислил процесот во текот на минатата година.„Моцарт има многу добар ефект врз луѓето. неговата музика има посебен квлаитет на хармонија во корелација со нејзиниот ритам“, вели Штуки. Соничните бранови на композициите на Моцарт, во комбинација со кислород, ги поттикнува микроорганизмите да дадат подобри перформанси при разбивањето на биосолидите, објаснува натаму Штаки. како резултат на тоа, установите за отпадна вода ќе мможат да заѓтедат на трошоците за енергија и да ја намалат количината на отпаден талог, чие отсранување чини многу пари. Процесот потекнува од специјалните стерео ситеми на компанијата,прилагодени да можат прецизно да ги реплицираат вибрацииите и звуците на една концертна сала. Изнајмивањето на системот кој го користи прочистителната станица во Тројнебрицен чини 400 еввра месечно, а го изнајмува компанијата „Мундус“. Штаки проценува дека една прочистителна станица може да заштеди неколку илјади евра годишно на трошоци за енергија, зависно од големината на установата. Даличоу сега се надева деКА Мозарт ќе и’ помогне и на неговата установа да ги намали трошоците. „Ако тоа значи дека ќе заштедуваме по една илјада евра месечно на отстранување на талогот, тогаш дефинитивно вреди да се проба“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

