Забава
Предмети од Черчил и Хитлер на аукции
Писмо што нацистичкиот лидер го напишал на продавач на автомобили сакајќи да купи возило, ќе биде дадено на аукција во септември, додека неодамна предмети на британскиот премиер кој војуваше со Хитлер во Втората свеска војна на аукција во Кристи беа продадени за 600 илјади фунти
Писмото што Адолф Хитлер го испратил до прозиводителот на автомобили од кого сакал да купи автомобил додека бил во затвор ќе биде понуиденот на уакција во германскиот град Фурт. Писмото датира од септември 1924 г. додека Хитлер ја отслужувал затворската казна заради неиуспениот обид за пуч во Минхен. Во писмото тогаш идниот германски фирер го моли продавачот да му ја намали цената на осигурувањето, а делови од писмото го објави Bild.Писмото ќе биде понудено на уакција на 2-ри септември покрај уште 500 документи од времето кога Хитлер престојувал во затвор. Мешу документите е и листата посетители, како и известувањето на затворската администрација за неговото доаѓање во затворот.Писмата и документите на Хитлер од затворот Ландсберг ги најде еден Германец од Нуеремберг меѓу предметите на неговиот покоен татко. А Целата збирка ќе биде понудена по почетна цена од 25 илјади евра.Cristy мината седмица во Лондон на аукција ги понуди недопушени пури и документи и писма со експлицитни политички пораки на најголемиот противник на Хитлер, британскиот премиер од Втората светска војна Винстон Черчил. Тие на укинување на организаторот на аукцијата достигнаа цена од 600 илјади фунти. Најголем интерес кај купувачите предизвикала преписката меѓу Черчил и неговиот личен секретат Елиот Краушау Вилијамс, која датира од 1940 г. а се однесува на прашањето дали да се склучи пакт со нацистичка Германија, и во која Вилијамс необично остро се обраќа до Черчил во однос на неговите политички погледи. Само ова писмо заедно со одговорот на Черчил се продадени за 34 илјади фунти, а на пример недопушена пура е продадена за 2.100 фунти.Другите предмети од колекцијата ќе бидат понудени на аукција која на 3-ти декември ќе се случи во Њујорк, а остатокот од колекцијата која му припаѓа на Малколм Форбс, внукот на основачот на магазинот на Forbes, Берти Форбс ќе бидат понудени летото 2011 г. во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

