Забава
Чупакабра ја тероризира Украина
Жителите на уркаинската престолнина Киев се во паника предизвикана од мистериозно животно, кое го споредуваат со латинамериканскиот митски Чупакабра, кој наводно неодамна бил виден во околината на главниот град, како и околу градовите Лвов и Черкаск
„Ги изеде речиси сите зајци на соседот, а на друг му ја уби и мачката“, рекла извесна Нина, жителка на село крај Киев во кое било пријавен напад на мистериозен ѕвер. Сведоците тврделе дека станува збор за животно големо како пес со огромни црвени очи, а некои опишувајќи го велат дека имало кожа како диносаурус, а други дека наликува на кенгур. Додаваат дека ширел одвратна смрдеа и дека лови само навечер.„Навечер сме на стража за да ги заштитиме нашите зајци и кокошки. Иако мажите решија да го убија, веќе не го видовме“, додала Нина за локалната киевска телеизија. Инаку Чупакабра е демонско суштество познато во Латинска Америка, но од пред неколку години почнаа да се јавуваат очевидци кои наводно имале средба со него во Русија и во Украина, пишува московска Правда. Од 2009 г. жителите на руралните подрачја во западна Украина често пријавуваат дека нивните фарми се напаѓани од мистериозно крволочно суштество. Локалното население вели дека освен зајци и кокошки, ова животно им ги напаѓа и свињите а траги од неговите заби покажуваат на дрвените огради.Според латиноамериканските селани, ова животно незабележливо влегува кај домашните животни, ги задавува и им ја ишмукува крвта. Чупакабра првпат се појави во 1995 г. во палнините на Порторико. Таму најмногги ги напаѓа козите на кои исто така им ја цица крвта па затоа и го добило името кое во превод од шпански значи „цицач на козја крв“. Научниците се уште тврдат дека тоа е само легенда и дека вакво животно не постои. Пронајдено митското суштество Чупакабра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.

