Забава
Откриена подморница за транспорт на тони кокаин

Подморница која била подготвена да пренесе тон кокаин била откриена од специјалните единици за борба против нарко-картелите меѓу Еквадор и Колумбија длабоко во џунглата на Еквадор
Подморницата била долга 30 метри, а е придвижувана од дизел и од електромотор, а била изградена во зафрлените делови од прашумите на Еквадор блиску до границата со Колумбија и била добро камуфлирана, пишува Daily Mail. Операцијата ја воделе американски истражни органи и агенти кои и’ помогнале на локалната полиција да уапсат еден од инволвираните во проектот со подморницата направена „во домашни услови“ пред таа првпат да заплови по реката меѓу двете држави. Нејзиното откривање, а е една од најголемите од подморниците употребувани за вакви нелегални трговии, е оценето како многу значаен успех во борбата против глобалното тргување со кокаинот чии главни производствени центри се во Јужна Америка.Според полициските процени, подморницата била добро опремена и оспособена за долги прекуокеански пловидби. Шефот на тимот американски истражители, Џеј Бергман, изјавил дека ова откритие покажува колку нарко-босовите сериозно ја развиле нивната трговија. Колумбиските нарко-картели и во минатото се обидуваа дури да набават подморница на атомски погон за оваа трговија, а познато е дека користат за тоа и помали подморници за криумчарење поголеми количества кокаин.Во август 2007 г. американските воени бродови во водите близу Гватемала пресретнаа подморница со неколку тони кокаин, а во јули 2008 г. мексиканската морнарица заплени исто таква подморница кој превезувала дрога кон американскиот Пацифички брег. Исто така, во неделата колумбиската полиција заплени и реплика на трофејот за Светското фудбалско првенство за која беше утврдено дека е изработена од кокаин. Трофејот беше откриен при рутинска контрола во депото на меѓународниот аеродром во Богота, а пакетот со него требало да лета за Мадрид. Трофејот кој тежел 11 килограми бил изработен многу веродостојно на оригиналот со сите ликови и знаци на ФИФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.