Забава
Најден најстариот шампањ на светот
Во длабочините на Балтикот нуркачите кои истражуваат остатоци од потонати бродови нашле шишиња од најстариот шампањ на светот ко јможе да се најде денес, призведен во 18. век
Историчарите изјавиле дека обликот на шишето со пенливото вино докажува дека е шампањот е произведен кон крајот на 18. век и го испратиле во Франција на енолошка анализа. „Сигурни сме 98 отсто дека станува збор за шампањот Veuve Clicquot и дека најверојатно е направен меѓу 1772 г., кога е почната оваа технологија и 1785 г.“, изјавил нуркачот Кристијан Екстром, кој смета дека потонатиот брод најверојатно пловел кон Санкт Петербург, кој во тој период императорот Петар Велики го прави руска престолнина.Ричар Јухлин, шведски стручњак за шампањ, рекол дека е убеден дека станува збор за Veuve Cliquot, а шише од овој шампања денес според него би чинело околу 50 илјади евра.Француските енолози кои го пробале шампањот изјавиел дека е „совршен“, пренесува Rеuters. Тој повеќе од двесте години бил зачуван во идеални услови, на ниска температура и во речиси целосна темнина, Интересно е што сандакот со шампањ досега е единственото што нуркачите го нашле покрај остатоците од бродот кои се наоѓаат на длабочина од 55 метри покрај архипелагот Ааланд, на половина пат меѓу Шведска и Финска. Бидејќи видливоста на таа длабочина изнесува речиси еден метар, досега нуркачите не успеале да го најдат името на бродот или каква и да е друга ознака. Историчарите сметаат дека може да станува збор за товар вино подарок од францускиот крал Луј XVI за руската царица Катерина Велика. Доколку тоа се покаже точно, цената на едно шише ќе се зголеми повеќекратно, велат стручњаците.Досега најсатриот зачуван шампањ беше Perrier-Jouet кое датира од 1825 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

