Контакт

Забава

Најден брод потонат пред век ипол

Објавено пред

Канадските археолози пронајдоа брод кој што е напуштен пред повеќе од 150 години при потрагата легендарниот Северозападен премин, а кој бил во мисија да ја пронајде несреќната експедиција на прочуениот авантурист сер Џон Френклин

dobivaj vesti na viber

Според шефот на Одделот за подводна археологија на „Канадски паркови“, Марк-Андре Берние, бродот „ХМС Инвестигејтор“, напуштен во мразот во 1853 година, е пронајден во плитките води на Заливот Мерси, на северниот брег на островот Бенкс во канадскиот западен Арктик.„ХМС Инвестигејтор“ е еден од многуте американски и британски бродови кои биле испратени во потрага по „ХМС Еребас енд д терор“,бродови под команда на сер Франклин, кој биле дел од неговата несреќна потрага по Северозападниот премин во 1845 година.„ХМС Инвестигејтор“ бил под команда на капетанот Роберт Меклур кога испловил во 1850 година. Истата година, Меклур го довел „ХМС Инвестигејтор“ во теснецот кој сега го носи неговото име и сфатил дека се наоѓа  на последната делница на Северозападниот премин, морскиот пат низ Северна Америка.Но, пред да исплови во Бофортското море, неговиот брод бил заробен од санта мраз и присилен да презими во Теснецот на принцот од Велс на источниот брег на островот Бенкс. Наредното лето, Меклур повторно се обидел да исплови до крајот на Преминот, но повторно патот му бил попречен од мразот. Тој го довел бродот и екипажот до еден голем залив на северниот брег на островот, кој го нарекле Залив на милоста (Bay of Mercy). Таму останале до 1853 година, кога биле ослободени од екипажот на „ХМС Резолут“.Ова, всушност, не е историја на еден брод, туку човека историја“, вели Берние. „Ова не е само историја на Преминот, туку и на екипажот од 60 луѓе кој морале три пати да  презимат во Арктикот, без да знаат дали ќе преживеат“.Поради ниските температури, остатоците од бродот се одлично зачувани. Бродот нема да биде изваден на површината, а наоѓалиштето ќе биде уредено и заштитено.Од Канадски паркови се надеваат дека ситата технологија ќе се покаже успешна и во потрагата по уште полегендарниот „ХМС Еребас енд д терор“ на сер Џон Френклин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело

Објавено пред

Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.

dobivaj vesti na viber

Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.

Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.

Прикажи повеќе...

Забава

Децата кои добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми

Објавено пред

Родителите обожаваат да им купуваат подароци на своите деца за време на празниците, но претерувањето може да доведе до несакани последици. Истражувањата покажуваат дека материјализмот е поврзан со пониски нивоа на среќа, а овие обрасци се формираат во детството, обликувајќи го начинот на кој децата учат благодарност, разбирање на трудот и чувство на задоволство.

dobivaj vesti na viber

Намерите на родителите се секогаш добри, но понекогаш подароците почнуваат да имаат спротивен ефект од наменетото. Психотерапевтот со повеќе од 25 години искуство, Шон Гровер, тврди дека родителите кои им купуваат на своите деца премногу подароци честопати ги забележуваат следниве проблеми подоцна.

1. Често деструктивно однесување

„Децата кои алчно зграпчуваат подароци за време на празниците честопати развиваат негативни социјални и емоционални обрасци подоцна. Една студија покажа дека таквите деца се посклони кон задолжување со кредитни картички, се посклони кон коцкање и компулсивно купување како возрасни. Краткиот наплив на среќа брзо исчезнува и тие остануваат со постојано чувство дека им треба повеќе“, објаснува Гровер за YourTango.

2. Пониска самодоверба

Трајната самодоверба се базира на идентитетот, а не на количината на работи што ги поседува детето.

Психотерапевтот истакнува: „Студиите потврдуваат дека нема врска помеѓу материјалните добра и среќата или самодовербата. Децата кои имаат помалку работи, но силни врски со родителите и врсниците, постигнуваат повисоки резултати на тестовите за самодоверба, имаат помалку проблеми во однесувањето и покажуваат поголема отпорност.“

3. Пад на долгорочната среќа

Истражувачите кои објавуваат во харвардскиот Journal of Happiness откриле дека луѓето ги ценат подароците што им ги даваат на другите повеќе од оние што ги купуваат за себе. „Оние кои даваат подароци, исто така, постигнуваат повисоки резултати на скалите за лично задоволство. Децата кои развиваат великодушност стекнуваат посилно чувство на поврзаност и поголема среќа, додека децата кои се фокусираат само на примање подароци, имаат поголема веројатност да развијат недостаток на емпатија и егоцентричност“, заклучи Гровер.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) За сите љубители на цветни дезени – оваа убавица има совршена комбинација

Објавено пред

Позната по својот привлечен изглед, актерката Зои Салдана не погреши ни малку кога стануваше збор за избор на совршена комбинација за црвениот тепих.

dobivaj vesti na viber

Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“ во Мајами, а за таа пригода избра комбинација која „носи добра атмосфера“.

Станува збор за бел фустан украсен со цветни детали и дискретно деколте, кој ја нагласува витката фигура на актерката.

Треба да се напомене дека токму овие шарени цветни мотиви на фустанот придонесоа нејзиното појавување на црвениот тепих да го привлече вниманието на модните критичари, како и целата креација да биде окарактеризирана како уметничко дело.

Својот стил го надополни со златни додатоци, минимална шминка и класична фризура – ниска пунџа што го заокружи овој, навидум, едноставен изглед.

Со овој потег, Зои докажа дека цветниот дезен има многу поголема „моќ“ на црвениот тепих од кој било друг.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет3 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет4 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа4 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија14 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет17 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет24 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...