Забава
Сарчиевскиот грав влезе во Гинисовата книга на рекордите
Готвачот од Љупчо Гиевски и неговиот тим, го соборија Гинисовиот рекорд во варење грав речиси трикратно
Четиритонскиот котел во кој беа сварени 3.450 литри грав во штипското село Сарчиево, далеку го надмина досегашниот рекорд кој изнесуваше 1,2 тони, кој го постигнаа студенти од САД.За судењето се погрижи судијата на светскиот Гинисов рекорд Тарика Вара од Англија.Од Македонија, градот Прилеп е запишан во Гинисовата книга на рекорди, по бројот на подготвени посни сарми.На денешниот голем верски празник Св. Петка во Сарчиево беше осветена првата летна црква „Св.Петка“, донација на бизнисменот Стојан Давчев со потекло од Сарчиево кој е и организатор на „Соборувањето на Гинисовиот рекорд за најголем котел зготвен грав“Во Сарчиево, каде според пописот од 2002 година, живеат 21 жител, секоја година традиционално на овој ден се дели чорбесто гравче за ручек, па така сарчиевци решиле овој пат традицијата да ја преточат во светски рекорд.На официјалниот веб сајт на селото Сарчиево, информираат дека сите средства собрани од денешната манифестација ќе бидат наменети во хуманитарни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос
Забава
(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.
Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025
Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.
KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4
— acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025
Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.

