Контакт

Забава

Поставена статуа на најпознатиот бакнеж на сите времиња

Објавено пред

Статуа со осум метри височина – прегратка на медицинска сестра и морнар – е поставена на њујорсшки Тајмс сквер во Њујорк, по повод 65-годишница на фотографии „Бакнеж на Сквер тајмс” која во САД стана симбол на победа во Втората светска војна

dobivaj vesti na viber

Статуата беше привремено поставена на њујоршката раскрсница, не далеку од местото на кое  фотографот Алфред Ајзенштат го фотографирал  бакнежот на 14 август 1945.Фотографијата со прегратката на морнарот и медицинската сестра веднаш по најавата дека Јапонија капитулира, беше раширена ширум светот.Во саботата по 65 години по овој историски настан, на сцената бакнежот го повторија доброволци, облечени во облека од тој период.Тие се бакнале точно во 19:03 часот, кога американскиот претседател Хари Труман во 1945 г.  ја објавува победата во втората светска војна.Фото- бакнежот на Тајм сквер стана еден од најпознатите во 20-тот век.Идентитетот на морнар никогаш не беше пронајден.Медицинска сестра Едит Шаин почина во јуни оваа година. Таа рече дека ја  бакнал непознат млад човек кој бил меѓу многуте морнари на плоштадот.Фотографот кој почина во 1995 г., рече дека забележал како истиот морнар ги бакнува сите жени кои се нашле пред него,„Потоа видов како сестрите стојат во средина на масата. Јас се фокусирав на него и, како што се надевав, морнарот и пријде на девојката”, рече своевремено Ајзенштат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мислите дека е неважно и правите ужасна грешка: Кои се придобивките од истегнувањето?

Објавено пред

Ако сте некој што се грижи за својот изглед и здравје, вежбањето три пати неделно дефинитивно е ваша рутина.

dobivaj vesti na viber

Веројатно секогаш барате најудобна облека и опрема за вежбање, но што е со истегнувањето? Кога станува збор за истегнување, според професионалните фитнес експерти, повеќето луѓе имаат тенденција да го прескокнат овој многу важен дел од нивниот тренинг.

Изговори за прескокнување на истегнувањето наоѓаме во недостатокот на време, фактот дека мислиме дека веќе сме „доволно флексибилни“, како и едноставната заборавеност и сметањето дека е непотребно. Сепак, предизвикувате голема, а можеби и непоправлива, штета на вашето тело ако го прескокнете истегнувањето. Денес, ви ги претставуваме главните придобивки од истегнувањето, за кои вашето тело ќе ви биде многу благодарно.

Намалување на болката во мускулите
Сите го знаеме тоа чувство кога мускулите по вашето тело се стегнати, болни и вкочанети по тренингот. Оваа болка е всушност пукање на мускулните влакна и други отпадни производи како што е млечната киселина, што се јавува по вежбање.

Ако им се дозволи на овие супстанции да се акумулираат во телото, ќе доживеете неверојатна болка и вкочанетост денот по тренингот. Истегнувањето може да помогне во ублажување на оваа болка со продолжување на мускулните влакна и отстранување на отпадните производи преку зголемена циркулација.

За време на клеточната размена и отстранувањето на отпадните производи, мускулите истовремено примаат хранливи материи и протеини, што го одржува мускулното ткиво здраво и подготвено за нови форми на вежбање.

Подобра циркулација на крвта
Истегнувањето многу ефикасно води до подобрена циркулација на крвта во телото. Ова исто така резултира со подобар проток на крв до вашите мускули. Подобрата циркулација автоматски значи зголемена испорака на хранливи материи што му се потребни на мускулното ткиво, како и отстранување на отпадни материјали и токсини.

Го подобрува вашиот опсег на движење
Кога се истегнувате доволно, си дозволувате поголема слобода на движење и помал ризик од повреда за време на тренингот. Овие повреди најчесто се однесуваат на оние во областа на мускулното ткиво и тетивите. За време на истегнувањето, всушност ги истегнувате вашите мускули и чувствувате помала напнатост во нив, проширувајќи го вашиот опсег на движење.

Прикажи повеќе...

Забава

Адријана Лима во секси долна облека и високи потпетици – фотографии кои ќе го направат дури и најлошиот ден подобар

Објавено пред

Познатата манекенка Адријана Лима е секогаш главна тема кога и каде и да се појави. Секој нејзин чекор е следен од папараците, а секој проект во кој е вклучена веднаш станува популарен.

dobivaj vesti na viber

Во најновата кампања на брендот „Викторија сикрет“ за Денот на вљубените, Адријана позираше со Кандис Сванепул во повеќе од провокативна долна облека. На серија фотографии, можете да видите и дека фаталната Бразилка носи популарни бразилки, па вистински хаос избувна кога се сврте.

„Божица“, „Какви жени“, „Вие сте моите омилени модели“, „Какво тело“, „Неверојатно е што изгледате вака“, „Подарок од рајот“, беа некои од воодушевените коментари под објавата.

Адријана Лима е лице на брендот „Викторија сикрет“ од 2000 година, а на големата ревија за враќање покажа дека е сè уште „мајка на играта“ и дека никој нема да ја замени долго време.

Убавата Бразилка сега е среќно мажена за Андре Лемер, со кого има син, додека од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ има две ќерки – Валентина и Сиена.

Прикажи повеќе...

Забава

Трендови во убавината кои навистина ги одбиваат мажите

Објавено пред

Постојат милион трендови и трикови за убавина кои редовно ни се претставуваат како најдобар избор, но дали навистина треба да ги прифатиме сите како нормални?

dobivaj vesti na viber

Трендовите за убавина кај жените се менуваат од година во година, но дебатата за тоа дали се навистина неопходни не се менува. Додека жените вложуваат огромни количини време и пари во својот изглед, многу мажи признаваат дека некои популарни трендови всушност ги одбиваат, а еве некои од нив.

1. Премногу негувани веѓи
Природно тенките или дебелите веѓи можат да бидат убави без никаква корекција. Но, жените ги кубат, ги цртаат, ги тетовираат и, во најновиот тренд, ги надградуваат со трансплантација.

2. Брановидна фенирана коса („blow wave“)
Најбенигниот, но најраспространет тренд и затоа најиритантниот. Станува збор за долга коса која прво се исправа, а потоа се витка со помош на пегла, фигаро или фен за коса.

3. Маски со колаген
Пример за трендови кои „не прават ништо, а чинат многу“. Колагенот не може да се апсорбира преку кожата, па затоа маските наводно ја хидрираат само површината, што можете да го постигнете со обична вода.

4. Филери за усни
Додека ботоксот наводно станал посуптилен, филериве експлодираа. Усните изгледаат отечено, пренадуени и очигледно вештачки, честопати намерно, како реклама за скапи „дотерувања“.

5. Вештачки трепки
Маскара, да. Вештачки трепки долги еден метар, не.

6. Прекумерно нанесување кармин
Особено на веќе полни усни, резултатот изгледа лошо, размачкан и претеран. Црвениот кармин изгледа добро само на фотографија, речиси никогаш во реалниот живот.

7. Контурирање и/или светки
Некогаш, рутините за шминкање беа едноставни. Денес, контурирањето бара арсенал од цевки и палети. Изгледа добро на некои, но оние кои контурираат во возот од 7 часот наутро честопати претеруваат.

8. „Турски заби“
Светкави бели, совршено рамномерни заби кои изгледаат како да припаѓаат на кукла. Мажите, тврди авторот, изгледаат уште полошо од жените.

9. Гел нокти и претеран nail art
Убаво обоените нокти можат да бидат привлечни, а воедно и дискретни.

10. Мирис
Најнејасната, но најискрена поента. Не станува збор за парфем, туку за интензивен, хемиски мирис што доаѓа од акумулацијата на производи, прајмер, пудра, спреј, фиксатор, гелови, креми…

11. „Подигање на задникот“
Некогаш беа гради, сега се задници. Трендот е увезен од САД, наводно инспириран од Кардашијан и музичката сцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет9 минути

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет20 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа25 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија19 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа24 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...