Забава
Тетовирањето се поголем тренд кај Македонките
Девојките ги тетовираат препоните, горниот дел од нозете и страничниот дел на задникот
Германски научници од универзитетот Готинген, проучувале повеќе од две илјади жени и заклучиле дека оние со тетоважи повеќе се склони на секс за една ноќ и летни авантури.Како што пренесува германски Билд, според мислењето на експертите жената колку повеќе тетоважи има толку е поголема нејзината склоност кон менување на партнери.Според информациите од студијата за тетоважи и во Скопје, расте бројот на жени кои сакаат да се тетовираат, па дури нивниот број е поголем од бројот на мажите. Поранешната манекенка Емилија Пендева има еднoгодишно искуство со изработување на тетоважи.Иако малку време работи, но со голема љубов и посветеност вели дека напредувала брзу и веќе е позната девојка кај која услугите се повеќе ги бараат припадничките на понежниот пол. Љубовта кон цртањето и ја всадила нејзината мајка која е инструктор за трајна шминка, па оттука и оваа нејзина професионална определба. По две години тетовирање на усни и веѓи, преминала на тетовирање на тело, зашто открила дека е поинтересно да се изработуваат слики и можноста за уметничко изразување е поголема. Пендева пошироката публика ја познава и од спотот „Лејди“ на Тоше Проески. Клиентите кои доаѓаат во твоето студио имаат сопствени инспирации или пак понекогаш им сугерираш што да истетовираат?-Големо олеснување е кога клиентот доаѓа со конкретна слика. Доколку има одредена идеја, тогаш помагам при дизајнирањето на мотивот. Кога сликата е тотално промашување без никаква смисла и клиентот не прифаќа сугестии, тогаш одбивам соработка.
Каков е трендот на тетоважи кај девојките?-Седумдесет отсто од моите клиенти се припаднички на понежниот пол. Истото го тврдат и повеќето мои колеги. Сметам дека тетоважите не се повеќе табу- тема и се почесто луѓето се одлучуваат за тетовирање на повидливи места. Доаѓаат да се тетовираат и во парови, девојка и момче, сопружници, најдодбри другарки. Кои се најневообичаените места на кои клиентите бараат да бидат тетовирани? -Најневообичаено место за тетовирање што сум го работела е глава. Сум имала побарувачка за тетоважа за внатрешноста на усните, долен дел на стопалото и дланка и не сум прифатила. Таму никогаш не би постигнала ефект како на остатокот на телото.Се согласуваш со истражувањето на германските научници дека девојките кои се тетовираат имаат авантуристички дух и дека се склони кон честа промена на партнери?-Се согласувам дека имаат авантуристички дух, но не се согласувам дека се склони кон честа промена на партнерите од причина што тетоважата е нешто што цел живот трае. Сметам дека се тетовираат претежно одлучни луѓе, со изграден карактер кои се сигурни во себе и знаат што сакаат во животот. Штом девојка ќе се одлучи да го украси телото со нешто што ќе трае цел живот, не гледам причина зошто не би била одлучна во изборот на партнерот.
Дали Македонците ги тетовираат интимните делови на телото?До сега никој не ми побарал такво нешто. Сум тетовирала на препони, горниот дел од ногата и на страничниот дел на задникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

