Забава
Убиецот на Џон Ленон нема да биде ослободен условно
Марк Дејвид Чепмен кој го застрела легендарниот лидер на славните Битлси нема да биде пуштен на слобода, реши во вторник тричлената комисија во Њујорк
Ваквата одлука комисијата ја донела откако имала подолг разговор со осуденикот Марк Дејвид Чепмен. Чепмен е осуден на 20 години затвор за убиството на Џон Ленон во 1980 г. Тој тогаш четири пати стрелал во грбот на пејачот кој штотуку излегол од својот стан во ЊујоркСпоред одлуката на комисијата Чепмен може повторно да поднесе барање за условно пуштање на слобода во август 2012 г. Инаку ова е петто негово барање да биде пуштен на слобода.Убиството се случило на 8-,и декември 1980 г. кога Чепмен го сочекал Ленон пред неговиот стан се раквуал со него, му го подал албумот за автограм и се фотографирал со славнито битлс. По само неколку часа, подоцна тој го застрелал Ленон и сосема мирно седнал ан тротоарот, читал книга и чекал да пристигне полицијатаМногумина сметаат дека со оваа загуба на тогаш еден од највлијателните личности во поп културата и музиката, е изменет текот на рок културата. Чепмен во време на убиството имал 25 години, и досега не е сосема разјаснето кои се мотивите за убиството што го извршил.Чепмен е син капетан во американското воено воздухопловство и медицинска сестра, од малечок ги сакал Битлси, бил во врска со Џесика Бленкншип, работел хуманитарни работи меѓу другото и како волонтер за помош на виетнамските ветерани. Психолозите кои се занимаваат овие три децении со неговата личност и мотивите за убиството на својот идол, сметаат дела проблемите почнале откако пропаднал неговиот обид за студирање, како и неговата врската со Џесика, по што почнал да има самоубиствени пориви. Според официјалното досие на полцијата за Чепмен, тој во 1977 г. Сакал да се самоубие, спојувајќи црево од правосмукалка за ауспух од автомобил со вклучен мотор и почнал да вдишува. Цевката се стопила, а тој бил спасен една клиника во Тексас. Потоа живеел на Хаваите, менувал повеќе работи, па дури и патувал околу светот и станувал се поопседнат со популарната книга „Ловец во житото“, каде главниот лик Холден Гаулфилд станало алтер егото на Чепмен. Потоа и лично тој кажал дека во таа книга се запишани многу одговори врзани за убиството. А оваа книга ја читал сосема ладнокрвно и додека ја чекал полицијата откако го убил Ленон. Со намера да го убие Џон Ленон, неговиот идол, дошол во Њујорк во октомври 1980 г., но откако во кино го изгледал филмот „Обични луѓе“ се премислил и се вратил кај мајка му и кај сопругата на Хаваи. На 6-ти декември повторно дошол во Њујорк со книгата „Ловец во житото“ во раце и со кокаин в џебот. Два дена подоцна се појавил пред зградата на Ленон на Менхетн, се дружел со обожувачите на Ленон кои секогаш ги имало пред зтанот во кој живеел со Јоко Оно и фоторепортерите. Чепмен пред зградата останал до вечерните часови, кога Ленон и неговата сопруга Јоко Оно повторно се појавиле. Излегувајќи од лимузината, двојката повторно минала пред Чепмен. Славниот нитлс веќе го преминувал прагот, кога ги слушнал последните зборови во неговиот живот: „ Господнине Ленон!“, се завртел и добил четири куршуми в грб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

