Контакт

Забава

Муслиман нов стрип херој

Објавено пред

Љубителите на стриповите наскоро ќе имаат можност да го видат стрипот со новиот невообичаен суперхерој, муслиманско момче во инвалидска количка, кое има супер-моќ, јавува Assocaited Prss

Американскиот филантроп и бизнисмен Џеј Т. Шнајдер, кој го финансира проектот, вели дека бил инспириран од инаугурацискиот говор на претседателот Барак Обама, во кој тој му пружа рака на муслиманскиот свет. Минатиот месец Шнајдер плати пат до Дамаск за 12 млади Американци – инвалиди, каде што тие се сретнаа со група млади инвалиди од Сирија. Една од главните цели на средбата била да се дојде до идеи за новиот суперхерој.Изгледот на суперхеројот се уште не утврден, но тој сигурно ќе биде ,муслиманско момче во инвалидска количка. Првичните цртежи покажуваат момче кое ја изгубило ногата од нагазна мина и подоцна станува „Силвер Скорпион“ (Сребрената шкорпија), со моќ да го контролира металот со својот ум.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дилан Мекдермот потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“

Објавено пред

Дилан Мекдермот во средата потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“ на Кристофер Мелони, продолжение на „Закон и ред“, чија премиера ќе биде оваа пролет на Ен-би-си.

59-годишниот добитник на „Златен глобус“, кој може да се пофали со 1.4 милиони следачи на социјалните мрежи, напиша: „Доаѓам“.

Нејасно е кого Дилан (роден Марк Ентони) ќе го портретира во 13-епизодната полициска серија, која се фокусира на ликот на детективот Елиот Стаблер.

Прикажи повеќе...

Забава

„Вондер воман 1984“ ги зголеми активирањата на „ХБО макс“ за 17.7 милиони

Објавено пред

Тоа беше киноиздание со најголема заработка во време на пандемија по неговото деби на Божиќ.

Се покажа дека одлуката на „Ворнер Брос“ премиерно да го прикаже „Вондер воман 1984“ на својата стриминг-услуга со претплата „Ејч-би-о макс“ во исто време со премиерата во киносалите се исплатеше одлично.

Во средата, матичната компанија AT&T откри дека како резултат, 17.7 милиони активирани корисници биле додадени на „Ејч-би-о макс“ до крајот на декември.

Овој број на активирани корисници е двојно поголем од оној на крајот на септември.

Извршниот директор на AT&T, Џон Стенки, ја сподели веста за успехот во период кога се објавува заработка во четвртиот квартал.

„Објавувањето на Wonder Woman 1984 помогна нашите домашни претплатници на HBO Max и HBO да достигнат цифра од 41 милион, што е за две години побрзо од нашата првична прогноза“, изјави Станки, како што пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Забава

Џими Кимел ги повика холивудските ѕвезди да му го честитаат 50. роденден на Гилермо

Објавено пред

Џими Кимел ги повлече сите конци за да му посака среќен 50. роденден на својот близок пријател и колега а порано член на обезбедувањето, Гилермо Родригез.

Во видео што се емитуваше во средата вечерта во текот на неговото ток-шоу „Џими Кимел лајф“, 53-годишниот водител побара помош од 50 славни пријатели да испратат снимки во која му наздравуваат на Родригез со текила по повод роденденот.

Во составот на ѕвездите беа Џорџ Клуни, Шарлиз Терон, Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Мет Дејмон, па дури и Џон Фавро со Бејби Јода, и многу други. Тие сите пратија снимки со текила во чест на роденденот на Гилермо.

Првата селебрити личност што му посака среќен роденден на Гилермо беше Шарлиз Терон, која рече „ќе дојдам во твојата куќа со две чаши, затоа што една птичка ми кажа дека ти е 50-ти“.

И Мајкл Б. Џордан му посака среќен роденден на Гилермо, додека Дуа Липа додаде: „Дното горе, среќен роденден Гилермо“. Реџина Кинг рече: „За тебе голем Г.“

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Приведени уште две лица за случајот „Јавна соба“

Уште две лица се приведени за случајот „Јавна соба“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со двете нови лица...

Европа1 час

ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија...

Македонија3 часа

Заев: Ако „Телеграм“ не ја затвори групата „Јавна соба“ ќе го блокираме да не се користи во земјава

Испративме категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на...

Македонија4 часа

Се очекува британскиот вид на вирусот да стане доминантен во Македонија

Откако беше откриен првиот случај на британскиот вид на коронавирусот, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно...

Македонија4 часа

Транспаренси: Македонија најлошо рангирана досега во борбата против корупцијата

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси интернешнл открива дека корупцијата придонесува за уназадување...

Свет5 часа

Гејтс откри колку пари вложил во вакцините

Бил и Мелинда Гејтс објавија годишно писмо на својата веб-страница во кое зборуваа за можните последици од оваа и идните...

Свет5 часа

Француската армија заплени рекордни 4,2 тони кокаин спакувани во 177 пакети

Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските...

Свет6 часа

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот поранешен заменик заврши на улица....

Топ6 часа

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење...

Свет7 часа

По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за...

Свет7 часа

Белата куќа бара меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен...

Свет8 часа

„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на „Астразенека“ и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит сугерира...

Свет8 часа

Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката...

Регион8 часа

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00:28 часот во областа Петриња....

Македонија18 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет21 час

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет22 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија23 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија1 ден

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија1 ден

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Досие