Забава
Саудискиот принц до смрт го претепал својот љубовник
Саудискиот принц е обвинет за обид за убиство на својот љубовник во текот на сексуална сеанса во хотел со пет ѕвезди во Лондон, пренесува Reuters
Триесет идве годишниот Абдулазиз е пронајден со бројни повреди и каснувања по образите, а негова крв е пронајдена на долната облека на саудискиот принц Сауд Абдулазиз бин Насер ал Сауд.Исто така на мобилниот телефон на принцот пронајдени се фотографии на кои неговиот слуга е полугол. Судењето на принцот е почнато, а за време на судскиот процес е покажана и снимката од хотелскиот видеонадзор на која принцот со шлаканици го удира својот помошник. Кобната вечер, двојката во еден лондонски хотел нарачале шампањ и разни видови на коктели, а си легнале во раните утрински часови. Тужителот Џонатан Леидлоу тврди дека од снимките може да се заклучи дека злосторството е од сексуална природа.Принцот Ал Суад ја исчистил крвта на неговиот помошник од себе и на полицајците им рекол дека Бандар починал од повредите кои ги здобил од улична кражба три недели пред неговата смрт. Дури и полицајците ги однел на местото на нападот. Но, обдукцијата покажала дека Бандар починал од серија силни удари во главата. Принцот го признал убиството, но тврди дека со слугата не бил во хомосексуална врска, иако на неговиот компјутер биле пронајдени геј пораки и страници за придружба од мажи. Неговото судење ќе продолжи во текот на следните неколку дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

