Забава
Кинез 28 години живеел со стапче за јадење во стомакот
Хируршки тим од Шангај деновиве од стомакот на еден Кинез извадил стапче за јадење, кое што било проголтано пред 28 години.
Лицето на возраст од 50 години, повеќето од половина од својот живот го минал со стапчето во стомакот, без притоа да почувствува тегоби.
Тој отишол на лекарски преглед откако почувствувал гастритис, при што било откриено стапчето, кое што било извадено со мала хируршка интервенција.
Околностите под кои Кинезот го проголтал стапчето се непознати. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како да направите јапонскиот чизкејк навистина да има вкус како чизкејк
Малку е веројатно дека сте го пропуштиле виралниот рецепт за јапонски чизкејк на социјалните мрежи во последните денови, а исто така и дека веќе не сте го пробале/направиле.
Да нагласиме веднаш, ова не е чизкејк и сите го знаат тоа, но играта на грчки јогурт и бисквити, состојките што се користат во подготовката на овој десерт наречен јапонски чизкејк, треба да го обезбедат вкусот и текстурата на типичен чизкејк во американски стил.
Оригиналната јапонска верзија на рецептот ги користи нивните бисквити со путер со вкус на кокос, додека верзијата што се прошири во овој дел од светот ги користи бисквитите со цимет како главен момент.
Многумина тврдат дека поради нив, виралниот чизкејк има повеќе вкус на медена пита или друг колач со мед. Дури и оние што го направиле десертот со некои други бисквити се жалат дека сè уште нема специфичен вкус на чизкејк.
@bechardgrave The Viral Japanese cheesecake #japanesecheesecake #viralrecipe #tastetest ♬ original sound – Bec Hardgrave
Што да направите ако токму ова сакате да го постигнете?
Заменете го јогуртот со павлака. Павлаката првично е помасна од грчкиот јогурт, а се користи и како додаток за прелив од чизкејк, па затоа ќе му ја даде на десертот аромата што ја посакувате кога јадете десерт инспириран од чизкејк.
Засладете ја павлаката лесно со шеќер во прав и додадете малку екстракт од ванила.
Потоа додадете колаче со неутрален вкус што вообичаено би го користеле како основа за чизкејк.
Забава
(Видео) Новата врска на Џејсон Момоа им е одвратна на луѓето, а тоа не е поради разликата во годините
Новата девојка на Џејсон Момоа предизвика вистинска контроверзност во јавноста, при што повеќето луѓе истакнуваат дека неговата врска е, благо речено, одвратна…
Па, што е работата?
Актерот Џејсон Момоа не се одвојува од Адрија Арјона, 13 години помлада од него. Порториканската актерка брзо го освои неговото срце, а вљубените не ја кријат својата љубов дури ни на црвениот тепих.
Неодамна споделија страсен бакнеж во јавноста, а овој чин предизвика лавина од коментари, како и дискусии на мрежите.
Имено, многу корисници на интернет ја споредија сегашната девојка на Џејсон со, верувале или не, неговата ќерка Лола, која ја доби во бракот со Лиса Бонет. Неверојатната сличност помеѓу Адрија и Лола е доста забележлива, а корисниците на интернет се вознемирија.
@jieyun.cloud No wonder Jason Momoa is dating Adria Arjona, who looks like his daughter. What most people don't realize is that to be his girlfriend, you have to follow three rules. #foryou #fyp #celebrity #jasonmomoa #usa🇺🇸 ♬ original sound – jieyun.cloud
„Оваа нова девојка личи на Лола“, „Изгледа како неговата ќерка. Би рекла дека е малку премлада за него…“, „Дали некој друг мисли дека неговата нова девојка личи на возрасна верзија на неговата ќерка?“, „На почетокот мислев дека е Лола!“, се само дел од коментарите…
Забава
Ќерките на славниот тенисер повеќе не се мали девојчиња: Тие неверојатно личат на својата мајка
Познатиот тенисер Роџер Федерер никогаш не го ставил својот приватен живот во центарот на вниманието, а единственото нешто што се знае е дека со години е во хармоничен брак со Мирка Вавринец, која, во текот на неговите играчки денови, го придружуваше на секој натпревар.
Заедно имаат четири деца, а најстарите близначиња, Мила и Шарлин, сега имаат 16 години. Двете тинејџерки често присуствуваа на натпреварите на нивниот татко кога беа мали, а потоа и тие се повлекоа.
Затоа предизвикаа вистинска сензација кога фотографите ги фотографираа на Отвореното првенство на Австралија, каде што беа во друштво на Круз Хјуит, син на Лејтон Хјуит, исто така познат тенисер.
Ни Мирка ниту Роџер никогаш јавно не зборувале за своето семејство, а многумина беа шокирани кога сфатија дека најстарите близнаци наскоро ќе наполнат 17 години. Како што Федерер претходно рече, неговите деца никогаш не биле премногу заинтересирани за тениски натпревари, а тој не сакал да ги принудува.
Мила и Шарлин неодоливо личат на својата мајка, а нивните профили на социјалните мрежи се заклучени, па затоа е невозможно да се дознаат повеќе детали за нив.

