Контакт

Забава

Неандерталците биле вистински сексуални манијаци

Објавено пред

Нашите предци биле поагресивни, имале поразвиен натпреварувачки дух и биле промускуитетни отколку денешниот човек.Научниците кои ги истражувале фосилите откриле дека неандерталците во периодот на раст повеќе биле изложени на дејството на тестостеронот, поради што однесувањето им станало поагресивно.Тоа значи дека биле и посклони на расправии поради понежниот пол и поради воспоставување на хиерархија, а оној на врвот на општественото скалило имал повеќе партнерки.Тим научници од Ливерпул, Оксфорд, Саутемптон и Калгари, ги проучувал фосилите на коските на раката кај истребените мајмуни, неандерталците и човеколиките мајмуни, за да го откријат работата на хормоните.Познато е дека што е подолг првиот прст до малиот прст на раката, тоа повеќе бил изложен на дејството на тестостеронот во мајчината утроба. Неандерталците имале подолг прст отколку денешниот човек.„Тоа значи дека неандерталците биле многу промискуитетни и агресивни, поради делувањето на тестостеронот“, заклучува доктор Сузан Шулц од Оксфорд. /крај/бл/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

По стапките на татка си – Патрик Шварценегер покажува стомачни на одмор во Мауи

Објавено пред

Неговиот татко Арнолд Шварценегер е еден од најпознатите бодибилдери на сите времиња, дури и пред да ја почне својата филмска кариера.

Патрик Шварценегер се чини дека посветува доста внимание на добрата фигура кога ги покажа затегнатите стомачни мускули на плажа во Мауи, Хаваи, во саботата.

27-годишниот актер беше забележан како излегува од Пацификот по сесија нуркање со група пријатели.

Прикажи повеќе...

Забава

Расел Кроу во одбрана на култниот класик „Господар и заповедник“

Објавено пред

Расел Кроу не прифаќа несоодветни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.

56-годишниот оскаровец се огласи на „Твитер“ во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Јан Мекнеб.

Во реакција на твитот на музичарот Кроу напиша дека тоа е симптом на денешните деца, а многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот класичен филм.

Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моментната ситуација со целосното затворање и го спомна филмот.

„Многу луѓе се жалат на недостиг од сон среде пандемијата“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер што обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам, Расел“, додаде музичарот и го означи актерот за да може да го види твитот.

Расел Кроу набргу се огласи со реакција.

„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус“, одговори Кроу иако Мекнеб е четири години постар од него.

Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детаљно ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествна музика за филм“.

„Дефинитивно, филм за возрасни“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Новиот филм со Лијам Нисон го симна од тронот „Вондер воман 1984“

Објавено пред

Блокбастерот за суперхеројката беше соборен од првото место на киноблагајните изминатиов викенд.

„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лијам Нисон, ја детронира жената чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните, „Вондер воман 1984“ падна на местото број три.

Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.

Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на киноблагајните за време на пандемијата, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.

Режисер на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режира Trouble With The Curve (2012 година).

Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет15 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт16 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија16 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет17 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија19 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет19 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија20 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ21 час

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија21 час

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија22 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа22 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет23 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион23 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет24 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет1 ден

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет1 ден

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет2 дена

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие