Забава
Форбс: Опра е на првото место по заработка со 315 милиони долари

Кралицата на ток шоуто педесет и шест годишната Опра Винфри повторно е на врвот на листата на најдобро платени жени во светот на шоу бизнисот. Според проценките на магазинот Форбс, таа во периодот од јуни 2009 до истиот месец 2010 година заработила 315 милиони долари.
Помеѓу жените кои изминатава година остварија големи заработувачки има и неколку кои се помлади и од 30 години, пејачките Бијонсе Ноулс со 87 милиони долари, Бритни Спиарс, со заработени 64 милиони долари и Лејди Гага со 62 милиони долари.
На петто место по заработувачка е Мадона со 58 милиони долари, потоа актерката Сандра Булок со 56 милиони.На листата се најде и 17 годишната пејачка Милеј Сарус, која во овој период заработила 48 милиони долари и дваесет годишната кантри пејачка Тејлор Свит со 45 милиони долари. крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Биографијата на режисерот оскаровец Мајк Николс открива дека земал дрога

Нова книга за покојниот режисер Мајк Николс тврди дека срцевиот удар што го претрпел во 1986 година се должел на злоупотреба на повеќе дроги, вклучувајќи и крек.
Во „Мајк Николс: Животот“, авторот Марк Харис пишува дека режисерот на култниот „Дипломец“ користел кокаин редовно веќе некое време и дека е познато дека користи и крек“, се наведува во пасус објавен во „Њујорк магазин“.
Авторот на биографијата тврди дека кокаинот бил многу присутен меѓу пријателите на Николс и дека режисерот на филмови како што се „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Разгледниците од работ“, „Птичјиот кафез“, „Во врска со Хенри“, како и бродвејските верзии на „Босоног во паркот“ и „Смртта на трговскиот патник“ подоцна признал дека дрогата придонела за срцевиот удар.
Забава
Кортни Кардашијан го рекламира брендот на својата сестра Ким

Кортни Кардашијан покажа поддршка за помладата сестра Ким на својата iнстаграм-страница оваа среда.
Најстарата сестра Кардашијан крена бура кога ја покажа својата секси фигура во линијата долна облека на Ким, SKIMS. Во својата објава, 41-годишната Кортни напиша: „Слатки соништа“.
Последната објава на Кортни доаѓа среде шпекулации дека Ким е на работ на развод од сопругот Канје Вест.
Канје е третиот сопруг на Ким и татко на сите четири нејзини деца – Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Забава
(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански јазик

Џенифер Лопез на инаугурацијата на Џо Бајден ги изведе песните This Land Is Your Land и America the Beautiful, а покрај тоа што го вметна стихот на својата песна Let’s get loud („Ајде да станеме гласни“), Џеј Ло се обрати на шпански јазик.
„Една неразделна нација пред Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик.
Реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер боул.
Нејзиниот настап предизвика разни емоции, па некои нејзината изведба ја сметаа за смешна, други се срамеле да ја гледаат, некои ја обвинија за самопромовирање, а имаше и такви што сметаа дека зад сето тоа стои политичка порака наменета за Латиноамериканците што живеат во САД.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот