Контакт

Забава

Обама e државник што најмногу го загадува воздухот

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама е на врвот на листата на државници при чии патувања најмногу се загадува воздухот, покажува истражувањето на француската интернет страна Тераеко.нет (Terraeco.net)

Новинарите на Тераеко составија листа на која се рангирани претседателите на САД, Мексико, Франција, Германија, Кина и Бразил според произведениот јаглерод-диоксид од нивните службени авиони при патувањето низ светот во периодот од 1-ви јануари до 31-ви октомври.На прво место на листата се наоѓа американскиот претседател Барак Обама, поради тоа што неговиот службен авион „Ер Форс 1“ произвел најмалку 20.000 тони јаглерод диоксид при изминати 200 илјади километри.На следните три места се мексиканскиот претседател, Фелипе Калдерон, бразилскиот Луис Инасио Лула да Силва и претседателот на Кина, Ху Џинтао.„Боингот 757“ на Калдерон произвел 7.120 тони јаглерод-диоксид. Лула да Силва зад себе оставил 7.033 тони јаглерод диоксид при поминати 220.000 километри, додека „Боингот 747-400“ на Џинтао произвел 7025 тони јаглерод-диоксид.На петто место на листата не германскиот канцелар Ангела Меркел, при чии патувања биле произведени 5.138 тони јаглерод диоксид.Во овој период францускиот претседател Николас Саркози, кој е шестото место на листата, пропатувал 134.000 километри, а неговиот авион „Ербас 319“ зад себе оставил 2.900 тони јаглерод диоксид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Том Џонс објави нова песна 

Објавено пред

Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, Том Џонс не планира да престане со музика.

Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.

За песната е снимен соодветен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека тој зачекори во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“.

„Можеби грешам, но ми се чини дека некој е обожавател на Radiohead. Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Забава

Украл автомобил па сфатил дека внатре има бебе, се вратил назад и ја искарал мајката

Објавено пред

Крадец од Орегон украл автомобил, но го сопрел и се вратил назад за да ѝ одржи лекција на сопственичката на возилото која внатре го оставила своето мало дете.

Бизарната епизода се случувала пред една продавница во Портланд, во саботата.

Мајката го оставила своето дете на седиштето во автомобилот кој бил отклучен додека трчала кон продавницата за млеко и месо. Крадецот случајно поминал покрај возилото, скокнал во него и се оддалечил.

Но, тој брзо сфатил дека има добиено повеќе отколку што сакал да земе. Застанал на првата крстосница и се вратил во продавницата, одржувајќи ѝ лекција за родителство на мајката, изјави портпаролот на полицијата, Мет Хендерсон.

„Тој ѝ одржал лекција на мајката затоа што го оставила детето во автомобилот и ѝ се заканил дека ќе повика полиција“, рече Хендерсон.

Мајката го грабнала детето по наредба на крадецот, а тој потоа се оддалечил, соопшти полицијата.

Добро е што тој имал доволно пристојност да го врати детето, заклучи Хендерсон.

Прикажи повеќе...

Забава

Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Објавено пред

Шакира стана уште една во низата пејачи и музичари кои ги продадоа правата на својата музика за милиони долари.

Сите нејзини песни, вклучувајќи ги хитовите „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во продажбата на авторските права.

Песните ја направија најпродаваната латинска изведувачка на сите времиња, со продадени 80 милиони албуми ширум светот.

Продажбата е склучена со инвестициската компанија Hypnosis Song Fund, која неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 час

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет13 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион13 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија16 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија17 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија19 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет21 час

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт22 часа

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион22 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија23 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија1 ден

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт1 ден

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија1 ден

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија2 дена

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија2 дена

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ2 дена

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа2 дена

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион2 дена

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет2 дена

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет2 дена

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Досие