Забава
Триесет години од смртта на Џон Ленон
Триесет години од убиството на Џон Ленон. Три децении по ладнокрвното убиство во декемвриската ноќ во Њујорк, пејачот стана вечна легенда на која и се посветени филмови, биографии, изложби што од него прават симбол на едно време.
Поранешниот член на „Битлс“ беше истакнат мировен активист, оженет со јапонската уметничка Јоко Оно и татко на едно дете, кога беше застрелан со четири куршуми истрелани од зад грб на 8. декември 1980 година пред „Дакота“, елитен станбен објект во њујоршкиот Централ Парк. Тогаш Ленон имаше 40 години, да беше жив денеска би бил 70 годишен старец.
Убиецот, Марк Дејвид Чепмен, човек со нарушено ментално здравје, ја призна одговорноста за злосторството , а како мотив за грозоморниот чин навел дека сакал да го привлече вниманието на јавноста. Осуден е на доживотен затвор. Барањето за условно пуштање на слобода му е одбиено шест пати, последен пат во септември годинава.
Секоја година обожавателите на Ленон на 9 ноември и на 8. декември се сретнуваат во делот на Централ Парк наречен „Строубери филдс“, по песна на „Битлси“. На мозаикот во спомен на Ленон е изгравиран натписот „Имеџн“, по веројатно неговата најпозната песна во самостојната кариера./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Престанете да ме малтретирате поради мојот изглед“
Младата актерка Мили Боби Браун (21) се појавува во сè посмели модни изданија за време на премиерата на серијата „Stranger Things“. На последната проекција во Лос Анџелес, оваа убавица воодушеви со проѕирен фустан.
Мили позираше во драматичен црн мрежест фустан со многу длабоко деколте и имаше голема кадифена машна околу половината. Фустанот е од модната куќа Bronx and Banco, а Мили сè зачини со едноставни обетки и минимална шминка.

Додека актерката самоуверено позираше за фотографите, нејзината изјава што ја даде за британското издание на Vogue сè уште се „вртеше“ кога остро им одговори на сите што коментираат туѓ изглед.
„О боже, што направи со лицето, изгледа како да има 60 години, зошто стана русокоса… Го почитувам новинарството, сакам да читам статии за моите омилени луѓе и да слушам што прават. Разбирам дека има папараци, кои се инвазивни, знам дека тоа е ваша работа, но не ме напаѓајте веднаш во насловот. Тоа е толку погрешно и е малтретирање, особено за млади девојки кои се нови во индустријата“, рече таа.

Мили се осврна и на негативните коментари за време на турнејата за филмот „The Electric State“, кога негативните наслови преплавија сè.
„Бев депресивна секој ден, плачев три, четири дена“, беше искрена актерката.
„Тргни се од мене… Знаете… Имам 21 година, ќе се забавувам и ќе си играм, ќе бидам своја“, им рече Мили на сите критичари.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Новата кралица на пластичната хирургија“ го прослави својот 70-ти роденден: Цела во црвено, направи спектакл
Риалити ѕвездата Крис Џенер организираше раскошна забава по повод 70-тиот роденден за своите познати гости. Според TMZ, гостите во еден момент биле премногу гласни, што ги натерало соседите да повикаат полиција.
Јасно е дека сè што е поврзано со семејството Кардашијан-Џенер сигурно ќе биде скандал. Крис често е предмет на медиумско внимание поради нејзиниот младешки изглед и пластичните операции на кои се подложува, можеби премногу често.
Таа сподели фотографии од забавата на Инстаграм, а многу луѓе беа импресионирани од нејзините модни избори. Црвена, драматична тоалета со црни ракавици и уште помладо лице од пред еден месец – Крис Џенер влезе во својата осма деценија.
Поради бројните козметички процедури, некои велат дека таа е новата кралица на пластичната хирургија, откако успеа да ја симне од тронот познатата Донатела Версаче.
Бруно Марс пееше на роденденската забава, што беше една од причините за гласната музика што ја вознемируваше околината, објавија странските медиуми.
Меѓу гостите беа принцот Хари, кој дојде со Меган Маркл, потоа Мараја Кери, Марк Цукерберг, Парис Хилтон, Хејли Бибер, Адел и многу други.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Нова фризура и променет изглед: Можеби е „очајна домаќинка“, но во проѕирна облека е секс бомба
Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, долго време гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот, а денес оваа 50-годишна жена привлекува внимание каде и да се појави – со својот беспрекорен изглед, но и со своите модни избори.

Минатиот викенд, таа беше домаќин на гала вечера во Мадрид, каде што се појави во провокативна облека и уште еднаш нè убеди дека скратувањето на косата е целосен успех.

Таа носеше црно боди и црно преголемо сако, а овие две парчиња ги комбинираше со интересно проѕирно здолниште што ѝ овозможи на публиката да ги види нејзините витки и обликувани нозе во целост.

Таа ги следеше најновите модни трендови со своите чевли – ја заокружи комбинацијата со елегантни црни зашилени потпетици што ги гледаме кај повеќето познати личности, па нејзината веќе витка фигура дојде уште повеќе во фокусот.
фото: принтскрин

