Забава
25 години од смртта на Лејди Ди
Поминаа точно 25 години од стравичната сообраќајка во која животот го загуби принцезата Дијана, првата сопруга на принцот Чарлс и мајка на принцовите Вилијам и Хари.
Нејзината прерана смрт ја растажи не само Велика Британија туку и целиот свет. Нејзиниот живот и смрт сè уште се предмет на интерес на светската јавност, која со нетрпение ги очекува досега непознатите информации за нејзиниот брак со принцот Чарлс, разводот, љубовниот живот и трагичната несреќа.

Принцезата од Велс настрада на 31 август 1997 година во тунелот Пон де л’Алма во Париз. Таа седела на задното седиште во луксузниот мерцедес, кој удрил во потпорниот столб на тунелот. Нејзиниот пријател, филмскиот продуцент Доди Ал-Фајед, и возачот Анри Пол, кој возел под дејство на алкохол и антидепресиви, исто така загинаа во несреќата.
Единствениот преживеан во фаталната несреќа е телохранителот на Дијана, Тревор Рис-Џонс. На неговото лице се уште се видливи лузните од несреќата.
Во изминатите години тој не можеше да се види во јавност, а неодамна „Дејли мејл“ објави негови фотографии. Според британските таблоиди, Тревор живее во Освестри со сопругата и децата. Моментално е вработен како шеф на обезбедување во глобалната биофармацевтска компанија „АстраЗенека“.
Тој живее мирен живот, не е често во јавноста и не зборува за трагедијата. „Тој се обиде да продолжи со својот живот“, изјави извор за „Сан“.

За Тревор е чудо што остана жив по несреќата. Тој тогаш имал 29 години. Седел на предното седиште од автомобилот, а од силината на ударот му биле скршени сите коски на лицето и се здобил и со тешки повреди на градниот кош. Од смрт го спасиле воздушното перниче и сигурносниот појас. Десет дена бил во кома, а хирурзите морале да му го реконструираат лицето. По несреќата изјавил дека не се сеќава што се случило. Последното нешто на кое се сеќава е влегувањето во кобниот мерцедес пред хотелот Риц и белиот фиат уно кој одел по нив.
Несреќата можела да се избегне…
„Би сакал да знам што се случи. Јас сум единствениот човек кој може да им ја каже вистината на луѓето, но не можам да се сетам. Сметам дека тоа е несреќа што можеше да се избегне и дека Анри Пол направи грешка што седна зад воланот на автомобилот знаејќи дека пиел, и дека не ни кажа ниту нам ниту на Доди дека не е способен за возење,“ рече Тревор
„Тоа беше грешка. Се работи за сообраќајна несреќа во пијана состојба предизвикана од брзина. И тоа е тоа.“
Во пресрет на 25-годишнината од смртта на Дијана, на британскиот „Ченл 4“ почна да се емитува нов документарен филм со наслов „Истрага за Дијана: Смрт во Париз“ (Diana Inquest: Death in Paris).

Во четири епизоди од документарецот, членови на француската и британската полиција ја претставија својата страна на приказната. Во првата епизода, главниот истражител Ерик Гигу откри како по несреќата до најмалите детали ја реконструирале рутата по која се движела автомобилот во кој се наоѓала Дијана.
„Се обидовме да најдеме сведоци, секој што можел да види или чуе нешто – автомобили, мотоцикли – се што се случувало неколку минути или секунди пред несреќата,“ вели Гигу.
До денес не е пронајден белиот Фиат Уно кој наводно ја предизвикал несреќата. Според искази на луѓе кои во тој момент се наоѓале во тунелот, фиатот се приближил до мерцедесот, а истражителите се убедени дека двата автомобила се допреле со голема брзина, по што мерцедесот удрил во столб во тунел.
Неверојатно е што за 25 години никој не успеал да му влезе во трага на белиот Фиат, чиј возач можел да ги разјасни деталите за страшната несреќа. Ова е една од причините зошто постојат многу теории на заговор околу смртта на Дијана.
Многу прашања сè уште немаат одговор бидејќи возачите на мистериозниот автомобил и мотор во парискиот тунел никогаш не биле пронајдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Се обидоа да му ја уништат свадбата, Викторија се однесуваше несоодветно“, скандалозни обвинувања од најстариот син на Бекамови
Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, јавно проговори за расколот што се случува во семејството. Тој истакна дека неговите познати родители се обиделе да му ја саботираат врската со Никола Пелц, вклучително и неговата свадба со моделот што се одржа во 2022 година.

Прво венчаницата
Како што истакнува Бруклин, неговата мајка, познатата дизајнерка Викторија Бекам, не сакала да учествува во креирањето на венчаницата за неговата сакана. Прво, во јавноста се појавија приказни дека Никола наводно го одбила дизајнот на венчаницата што ја направила Викторија и дека поради оваа причина Викторија не сакала да ја продолжи нивната соработка.

Сега Бруклин Бекам одлучи малку да „додаде“ на оваа вистина и истакна дека неговата мајка, всушност, го откажала креирањето на нејзината венчаница во последен момент.

„Мајка ми го откажа креирањето на фустанот на Никола во последен момент, и покрај фактот дека беше возбудена што ќе носи нејзина креација. Ова ја принуди итно да најде нов фустан.“

А потоа првиот танц
Особено тежок дел од неговата исповед се однесува на самата свадба. Неговата мајка, вели тој, го презеде моментот што требаше да биде резервиран исклучиво за него и неговата сопруга.

„Мајка ми го презеде мојот прв танц со сопругата, кој беше планиран со недели однапред со романтична љубовна песна. Пред 500 свадбени гости, Марк Ентони ме повика на сцената, каде што требаше да танцувам со сопругата, но мајка ми ме чекаше таму.

Таа танцуваше со мене на сосема несоодветен начин пред сите.0 Никогаш во животот не сум се чувствувал понепријатно или понижено.
Сакавме да ги обновиме нашите брачни завети за да можеме да создадеме нови спомени на денот на нашата венчавка што ќе донесат радост и среќа, а не вознемиреност и срам.“
Забава
Секогаш го држат семејството заедно: Овие знаци се гласот на разумот и срцето на домот
Во секое семејство има барем една личност која ги поврзува сите членови, се грижи да не се изгуби блискоста и ги потсетува колку се важни споделените моменти.
Според астрологијата, некои хороскопски знаци се речиси природни во оваа улога. Тие се емоционално сидро, глас на разумот и срце на домот. Ова се трите знаци кои најчесто го држат семејството заедно.
Рак
Ракот е синоним за семејство, дом и емоционална безбедност. Неговата потреба сите да се чувствуваат сакани и заштитени го прави главен „чувар“ на семејните односи.
Зодијачките Ракови се сеќаваат на важни датуми, охрабруваат собири и секогаш се први што се јавуваат кога ќе почувствуваат дека некој се оддалечил. За нив, семејството е свето, а емоционалната поврзаност е поважна од сè.
Бик
Бикот е столб на стабилност на кој секој може да се потпре. Можеби не е најгласен или најемотивен, но неговото присуство дава чувство на сигурност и континуитет.
Хороскопските знаци Бик често ја преземаат улогата на оние кои организираат семејни вечери, се грижат за традициите и се придржуваат до вредностите што ги поврзуваат генерациите.
Кога станува збор за семејството, Биковите се секогаш тука, сигурни, трпеливи и непоколебливи.
Вага
Вагите се родени миротворци, а оваа особина е особено очигледна во семејните односи. Тие имаат природен талент за смирување на тензиите, наоѓање компромиси и создавање пријатна атмосфера во која сите се чувствуваат почитувани.
Во семејството, хороскопските знаци Вага често ја преземаат улогата на медијатор. Тие слушаат, разбираат и се обидуваат да ги избалансираат различните гледишта. Тие не можат да поднесат несогласување меѓу оние што им се најблиски и ќе направат сè за да го одржат мирот.
Покрај тоа, Вагите многу го ценат заедништвото и се обидуваат да одржуваат блиски односи со сите членови на семејството, без оглед на разликите.
Забава
(Фото) Кој беше првиот дечко на Меланија Трамп? Љубовната врска ја прекина војската и тие никогаш повеќе не се видоа
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, е вистинска модна инспирација на секој јавен настан, но нејзиниот приватен живот е исто така доста интересен за медиумите, особено периодот пред да го запознае Доналд Трамп.
Иако нема многу информации за тоа, има написи за првото момче на Меланија Трамп од нејзините средношколски денови додека живеела во Словенија.
Познати се само неколку информации за нејзиното наводно прво момче, Питер Бутолн, кој сега е новинар. Како што самиот еднаш им кажа на медиумите, Меланија веднаш го освоила со својата убавина, а тој прв ѝ пристапил.
Hey, all's fair, right? Seat Melania's VERY handsome and trim former BF Peter Butoln front & center. pic.twitter.com/okow6woNyk
— @yo_chub (@yo_chub) March 12, 2024
„Таа беше мојата прва љубов, секогаш беше најубавото девојче. Меланија секогаш беше скромна, тивка и мирна“, рече тој во интервју за Inside Edition.
Нивната врска заврши кога Бутолн отиде во војска во 1987 година и тие никогаш повеќе не се видоа. Меланија наводно му испратила разгледница што тој сè уште ја чува, а потоа отпатувала во Њујорк, каде што го запознала Доналд Трамп во 1998 година.
Интересно е што Меланија никогаш јавно не зборувала за својот љубовен живот пред Трамп, а нејзиниот тим изјави дека Бутолн никогаш не бил нејзин дечко.

