Забава
Дел од руски сателит падна на Улицата на космонаутите во Сибир
Дел од рускиот сателит за воени и цивилни комуникациии „Меридијан“ кој неуспешно беше лансиран во орбитата, паднал на покрив од една куќа на Улицата на космонаутите во едно село во Сибир, јавија во саботата руските власти.
Дел од рускиот сателит за воени и цивилни комуникациии „Меридијан“ кој неуспешно беше лансиран во орбитата, паднал на покрив од една куќа на Улицата на космонаутите во едно село во Сибир, јавија во саботата руските власти.„Парче со пречник од 50 центиметри падна на покрив од куќа во селото Вагајцево, во регионот Новособирск“, изјави за агенцијата Интерфакс, локален неименуван функционер на безбедносните служби. Според РИА Новости, во Ординскиот регион од Новосибирската област паднале повеќе фрагменти од сателитот, со мали димензии а најтешкиот паднал врз магацин за јаглен. Во регигонот на 100 километри од Новосибирск биле пронајдени осум делови од сателитот. Русија во петокот го лансираше сателитот со двојна намена „Меридијан“ на ракетниот носач „Сојуз-2“ од војниот космодром Плесецк, 800 километри северно од Москва. Сателитот кој требаше да се користи во воени и цивилни цели, особено за комуникација меѓу бродовите, авионите и копената инфраструктура на Арктикот, не влезе во орбитата поради откажување на работата на моторот на третиот степен од ракетата носач./крај/рн/иф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку „проклето секси“
Џенифер Лопез повторно нè почасти со совршен стајлинг и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за тоа што следи. На гала вечерта на „The Hollywood Reporter’s Women 2025“ во Беверли Хилс, таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна.
За оваа посебна пригода, познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не го истакнуваше струкот, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше „толку проклето секси“, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце.
Немаше апсолутно ништо на себе под преголемото сако, па со добра причина сите се загледаа во нејзиното деколте, кое малку ѝ остави простор на имагинацијата.
Have u ever seen anything or anybody more beautiful than this woman ?!
Course not u haven't.
Because there simply isn't. #JenniferLopez #JLo #Oscars2026 #KOTSW #KissOfTheSpiderWoman https://t.co/b7cLHjjAmj— 🎼🎶KOTSW…🎵 ✨️ (@alister_369) December 4, 2025
Ја искомбинираше со миди здолниште кое паѓаше лежерно без да ја нагласи фигурата на една од најубавите и најстилските жени, а целата комбинација ја зачини со женствени детали – лабава коса, ефектни ѓердани околу вратот, слични на некогаш мегапопуларниот чокер, и соодветна шминка.
Пејачката, актерката и танчерката се одлучија и за кафеава кожна чанта и лак за нокти во иста боја, а монохроматската комбинација ја разби со беж чевли.
Забава
(Фото) Раскошните облини на свршеницата на Роналдо се вистински рај за очите: „Тој е среќен човек“
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот.
На нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме фотографии од атрактивни и донекаде провокативни облеки, но таа секогаш наоѓа време да објави компилација од семејни фотографии.
Таков беше случајот и овој пат кога ги извести своите бројни обожаватели дека е на одмор со своите деца и сопругот.
Георгина уживаше во сончевите денови и семејните моменти, но насловната фотографија од оваа објава привлече најголемо внимание.
Токму нејзините раскошни облини беа во преден план, бидејќи одлучи да облече танга бикини.
Таа напиша и трогателна порака со објавата: „Јас живеам живот, сонувам соништа и сум вечно благодарна на Бога, чија љубов ме води, одржува и инспирира“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари.
„Кристијано е среќен човек“, „Ти си вистинска божица“, „Ги обожавам твоите семејни фотографии“, се само неколку од коментарите.
Забава
(Фото) Гвинет Палтроу го покажа сопругот
Многу познати личности блеснаа на годишната гала вечер на списанието „The Hollywood Reporter“. Покрај зачудувачката Дакота Џонсон, актерката Гвинет Палтроу не ја пропушти можноста да биде видена.
Интересно е што и Дакота и Гвинет донесоа минималистички комбинации за оваа празнична пригода и, следејќи ги нивните примери, можеме да заклучиме дека редуцираните креации повторно се пожелни.
Гвинет блесна на црвениот тепих во фустан со рамен крој украсен со длабоко деколте. Лежерниот фустан во боја на слонова коска ја истакна нејзината витка фигура и го нагласи опуштениот стил што го негува со години.
Сепак, не беше сè толку едноставно при изборот на модни парчиња. Еден дел од облеката, сепак, беше ѕвездата на изданието на актерката.
Тоа беа црвени штикли со стилот кои го „разбиваа“ монохроматското издание. Овој детаљ беше доволен за актерката да го привлече вниманието на модните критичари.
Таа го комплетираше својот стил со минимална шминка во голи тонови и едноставна фризура. Треба да се спомене дека нејзиниот сопруг Бред Фалчук, кој ретко се појавува во јавноста, беше нејзин придружник на црвениот тепих.
Се чини дека актерката сака да го чува за себе и да му го покажува на светот во посебни пригоди.
Што се однесува до неговиот стајлинг, тој верно ја следел својата сакана и избрал лесен костум што го комбинирал со сина вратоврска.
Судејќи според фотографиите, може да се каже дека тие биле најубавиот пар на настанот.

