Забава
Крај на Хари Потер и многу бракови, но и три кралски венчавки
Годината на Зајакот, според кинескиот календар, односно 2011 во светот, ја одбележаа три кралски венчавки, разводи, заминување на филмски и музички великани, но и крај на американската шатл програма.
Годината на Зајакот, според кинескиот календар, односно 2011 во светот, ја одбележаа три кралски венчавки, разводи, заминување на филмски и музички великани, но и крај на американската шатл програма. Кон крајот на април се случи венчавката на векот, како што ја нарекоа медиумите, во лондонската Вестминстерска опатија, пред 2.000 гости и милион гледачи ширум светот, се венчаа британскиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон. Неколку месеци подоцна се венчаа принцот Алберт од Монако и Шарлин Висток, прославата траеше два дена, а на неа присуствуваа видни гости и лидери на многу држави. Младиот крал на Бутан, Јагиме Хесар Махгиел Вангчук, во октомври се ожени со десет години помлада студентка. Венчавката се одржа во манастир од 17-от век на Хималаите, кој бил специјално избран за таа прилика. Годината на Зајакот ќе се памети и по разводите, „нога“ повлекоа Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер. Брачните врски ги завршија Сем Шепард и Џесика Ланг, Деми Мур и Ештон Качер, Џенифер Лопез и Марк Ентони, додека бракот на старлетата Ким Кардашијан со НБА кошаркарот Крис Хемфрис се распадна по само 72 денови. Годинава, во јули, со премиерата „Хари Потер и реликвиите на смртта, 2“, заврши филмскиот серијал за момчето волшебник. Серијалот ги собори сите рекорди, а авторката на романот, според кој се снимани филмовите Џоана Роулинг го претстави својот вебсајт „Pottermore“, кој на обожувателите им овозможува интерактивен контакт со ликовите и приказната и преку кој ексклузивно ќе се продаваат е-книги, за момчето волшебник. Годината која полека останува зад нас, кога се работи за филмската уметност, ја одбележа и најавата на најновиот филм за Џејмс Бонд „Skyfall“, кој всушност е холивудска адаптација на романот на Стиг Лашон „Мажи кои ги мразат жените“. Американската вселенска шатл програма, заврши по 30 години работа, со летот на шатлот „Атлантис“, до Меѓународната вселенска станица. Истовремено, со крајот на американската шатл програма, Русија одбележа 50 години од летот во вселената на Јуриј Гагарин. Кон крајот на 2011 научниците на Европската организација за нуклеарни истражувања – „CERN“, соопштија дека пронашле знаци на Хигсовиот бозон, познат како „Божја честичка“, која засега постои само во теоријата, и за која се верува дека може да објасни како објектите добиле маса и енергија, по настанувањето на универзумот пред 13,7 милијарди години. Светот во 2011 година го напуштија меѓу другите Џејн Расел, Гери Мур, Марија Шнајдер, Сидни Ламет, Лусијан Форд, Елизабет Тејлор, Ејми Вајнхаус, Сезарија Евора, Вацлав Хавел и Стив Џобс. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Амал Клуни покажа две модни изданија кои ја натераа Италија да ја обожава
Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот изглед и модни изданија.
Бидејќи Амал со години важи за една од најстилските жени, логично е да се очекува дека таа и Џорџ ќе бидат следени на секој чекор. Моментално, две нејзини изданија ги воодушевуваат сите, првото при пристигнувањето, а второто за време на гала вечерата организирана во чест на Зимските олимписки игри.
За нејзиното пристигнување во Милано, Амал избра краток црн фустан во комбинација со чизми со животински принт, кои беа ѕвезда на овој аутфит. Станува збор за модел на Версаче кој совршено ги истакна нејзините долги и витки нозе.
Сепак, Амал брзо успеа да ја засени претходната комбинација, појавувајќи се на галата во елегантен фустан со смел деколте, украсен со детали од тил, а сето тоа го комбинираше со црни чевли.
Спектакуларни обетки и чанта заокружија сè, а Клуни блескаше покрај неа во класичен црн костум.
Забава
(Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!
Забава
„Невидливи“ процедури: Прекрасното лице на Мишел Фајфер на 67 години не е дар од природата
Познатата актерка Мишел Фајфер (67), иако одамна е во седмата деценија од животот, воодушевува со својот изглед на секој чекор. На нејзиното последно појавување, таа шармираше со лежерно модно издание, меѓутоа, многу повеќе се зборуваше за нејзиното прекрасно лице.
Познато е дека Мишел изгледа младешки, но со голо око не можете да видите никакви козметички процедури на нејзиното лице и речиси е невозможно да се утврди дали и што точно си направила.
Според естетскиот хирург д-р Пол Банвел, сјајот и убавината на Мишел Фајфер лежат во внимателното одржување, а не во магијата. Сепак, јасно е дека актерката не сака да ги избрише своите години.

Michelle Pfeiffer arrives at the 49th Annual AFI (American Film Institute) Lifetime Achievement Award Gala Tribute Celebrating Nicole Kidman held at the Dolby Theatre on April 27, 2024 in Hollywood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Според докторот, можно е актерката да имала конзервативен лифтинг на лицето и лифтинг на вратот, заедно со лифтинг на веѓите и очните капаци, пишува Дејли меил.
Со оглед на тоа што Мишел има одличен тен, д-р Банвел тврди дека хемискиот пилинг и ласерските третмани се одговорни за ова.
Едно е сигурно, ова не е резултат на еден третман, туку на повеќе години инвестирање, со мали количини на ботокс инјектирани за да се спречи нејзиното лице да изгуби движење.
Според д-р Пол Банвел, „импресивно острата дефиниција по должината на вилицата и вратот е веднаш забележлива“.

Michelle Pfeiffer attends the Los Angeles Premiere of “Stardust” held at the Paramount Pictures Studios in Hollywood, California, on July 29, 2007. Copyright 2007 by Popular Images
„Иако добрата нега на кожата и здравиот начин на живот сигурно играат улога, ова ниво на структурна поддршка често укажува дека таа можеби имала корист од внимателно осмислено хируршко одржување во одреден момент“, објасни хирургот.
Важно е што сè изгледа беспрекорно, а Мишел Фајфер не добила „ново лице“, туку само подобра верзија од нејзиното „старо лице“.

