Забава
Порно здружението „Слободен говор” против кондоми во филмовите
Градското собрание во Лос Анџелес донесе конечна одлука да се воведе законот со кој сите порно глумци кога ќе снимаат филмови мора да користат презерватив.
Градското собрание во Лос Анџелес донесе конечна одлука да се воведе законот со кој сите порно глумци кога ќе снимаат филмови мора да користат презерватив.
Одлуката е изгласана со 9 гласа „за“ еден „против“, и сега останува уште градоначалникот да ја ратификува. Пред да биде донесена одлуката, градското собрание наредило на полицијата и адвокатите да одржат состанок и да се договорат како законот ке се спроведува.
Адвокатите се согласиле со одредбата бидејки со тоа ке се придонесе за спречување на ширањето на сидата во високата порно индустрија која во најголем дел е сместена во Лос Анџелес. Здружението на порно идустријата „Слободен говор” соопшти дека своите глумци редовно ги тестираат на полово преноливи болести и дека тоа е сосема доволно.
„Ќе биде интересно како оваа оваа одлука ќе биде спроведена во практиката и можеби така порно идустријата ќе мора да го напушти Лос Анџелес”, изјавил Стивен Хирш, еден од основачите на прорнографската продукција Вивид. Околу 90 проценти од порнофилмовите во Америка се снимаат во Лос Анџелес. Целата индустрија на „филмови за возрасни“ годишно заработува околу осум милијарди долари. Но индустријата последниве години е загрозена поради сé повеќето бесплатни порно филмови што се нудат на интернет.
Наметнувањето на користење кондом, филмските работници го оценуваат како причина плус нивната индустрија да пропаѓа финансиски. Според нивните истражувања, гледачите не сакат да гледаат филмови во кои се користат презервативи, бидејќи со тоа им се уништува фантазијата и им се одвлекува вниманието. На законот се спротивставува здружението, бидејќи на тој начин ќе се намали процентот на посетеност и лекарска контрола на „актерите“ и ќе се доведат во опасност од ширење на сида.
„Ако некој закачил венерична болест, може да ја добие и надвор од порно индустријата, бидејќи ние барем се тестираме”, изјавила ветеранката во овој бизнис порно глумицата Табита Стивенс, која смета дека глумците се оние кои треба да одлучат за кондомите а не власта./крај/б92/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Откако ослабе, Ејми Шумер ги избриша сите стари фотографии од Инстаграм
Ејми Шумер одлучи да започне одново на Инстаграм. 44-годишната комичарка и актерка ги изненади своите следбеници со бришење на сите претходни објави од својот профил, оставајќи само една нова фотографија на која позира во црвен фустан. Таа го објасни својот потег едноставно, велејќи дека „нема причина за тоа“.
На новата фотографија, ѕвездата од „Trainwreck“ носи црвен мини фустан од Валентино во облик на срце, кој го комбинираше со чевли од Шанел.
View this post on Instagram
„Се чувствувам добро и среќно. Ги избришав моите стари фотографии без причина!“, напиша таа.
Неколку часа пред да го избрише својот профил, таа објави снимка од екранот од својата прва објава во своите Инстаграм приказни. „Мојата прва објава на Инстаграм. Ќе ги избришам сите затоа што зошто да не?“ напиша таа.

Потегот доаѓа откако Шумер неодамна отворено сподели фотографии што го документираат нејзиното патување за слабеење. Кон крајот на октомври, таа објави серија фотографии со натпис „Се чувствувам силна и своја“.
Актерката претходно отворено зборуваше за своите проблеми со тежината, вклучувајќи ја липосукцијата во 2022 година и „ужасното искуство“ со лекот Оземпик.
„Го имам генот GDF15, што ми прави исклучителна мачнина, поради што бев толку болна за време на бременоста“, рече таа во јануари во емисијата „Хауард Стерн“. „Значи, го пробав Оземпик пред речиси три години и бев, како, прикована за кревет. Повраќав – а потоа немате енергија. Но, другите луѓе го земаат и се добро. Па, Бог да ги благослови“.
Откако го проба Оземпик, таа се префрли на друг лек GLP1, Мунџаро, три години подоцна. Во март оваа година, таа објави видео во кое вели дека имала „одлично“ искуство по втората инјекција.
Откако јавно ја сподели дијагнозата за Кушингов синдром во 2024 година, Шумер рече дека сака да стане „застапник за женско здравје“.
Кушинговиот синдром е ендокрино нарушување предизвикано од долготрајно покачено ниво на хормонот кортизол во телото и може да се појави поради прекумерно производство на кортизол или како резултат на земање глукокортикоидни лекови. Симптомите вклучуваат тркалезно лице, акумулација на маснотии во абдоменот и вратот, тенка кожа, модринки, замор, висок крвен притисок и остеопороза.
„Срамот и критиките кон нашите постојано менувачки тела се нешто со што се справувам и на кое сум сведок долго време“, рече таа во видео на Инстаграм во тоа време. „Толку многу сакам жените да се сакаат себеси и да бидат немилосрдни во борбата за сопственото здравје во систем кој обично не им верува“.
Забава
Актерката која регрутираше жени во култ сега учи како да спасува луѓе
Актерката Алисон Мек, најпозната по улогата во серијата „Смолвил“, по излегувањето од затвор се обидува да изгради нов живот и кариера.
Таа беше уапсена во 2018 година поради учество во сектата „НХИВМ“, која се претставувала како организација за самопомош, а всушност служела за сексуално искористување на жени. Во 2021 година беше осудена на три години затвор, а пуштена е во 2023.
Мек денес студира социјална работа и вели дека сака да го посвети животот на помагање на другите. Во седумделниот подкаст „Алисон афер НХИВМ“ призна дека ја злоупотребила својата моќ, но и дека дел од неа навистина сакал да им помага на луѓето.
Во сектата, таа имала улога на шефица која регрутирала жени, уверувајќи ги дека станува збор за програма за женска моќ. Жените биле подложени на изнудувања, глад, жигосување и сексуална злоупотреба од водачот Кит Раниер, кој е осуден на 120 години затвор.
Забава
Концерт на Божо Вреќо на 21 ноември во Скопје
Божо Вреќо, најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија.
Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico.
Споменатите медиуми го нарекуваат и „икона на слободата, ангелски глас што ги милува душите и ги отвора срцата“. За неговата популарност и квалитет најдобро зборува фактот дека билетите за концертот кон крајот на минатата година во Сараево беа распродадени за само седум часа. Вреќо пее за љубовта, копнежот и раздвоеноста, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и признание на љубовта, оттаму и магијата на неговите концерти. Тој соработува со особените уметници од светски глас со кои има напишано и нови севдах текстови што неговата сè побројна публика едноставно ги обожава, од „Лејлија“ па сè до „Саба“. Божо Вреќо навистина се одликува со несекојдневен опус, бидејќи вредно работи на музиката и на истражувањето на балетот и операта, како и на документарни филмови за севдалинката, на која ѝ дава и свој авангарден придонес.
Секако, ги проучува и мистичностите на балканската автохтона монофона и полифона музика. Неговите концерти се вистински суфи транс кој во себе го носи севдахот во неговата изворна и целосно ослободена форма. Кај луѓето ги ослободува сите потиснати емоции и предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои се прелеваат од човек на човек и заедно создаваат бран воодушевување, љубов и катарза. Двојноста со која зрачи овој несекојдневен уметник го прави еден од најзначајните интерпретатори на модерниот карасевдах, кој жанровски навлегува и во сферите на џезот, блузот, спиритуалното и полифоното.
Билетите се достапни на karti.com.mk.

