Забава
Британците понечесни од пред 10 години
Британците сѐ помалку им се приврзани на моралните принципи и повеќе отколку пред десет години се склони да го измамат брачниот партнер, да лажат или да задржат пари најдени на улица, покажува студијата спроведена од Универзитетот Есекс, коешто во средата ги објави резултатите од истражувањето.
Британците сѐ помалку им се приврзани на моралните принципи и повеќе отколку пред десет години се склони да го измамат брачниот партнер, да лажат или да задржат пари најдени на улица, покажува студијата спроведена од Универзитетот Есекс, коешто во средата ги објави резултатите од истражувањето.Испитаницте одговарале на прашања за однесувањето во десет ситуации, на пример дали се склони да се прошверцуваат во средствата за јавен транспорт, дали ќе ги задржат кај себе случајно пронајдените пари, дали фрлаат отпадоци на под или дали би го измамиле брачниот сопатник.Пред десет години измамата во бракот не ја оправдувале 70 отсто од испитаниците, но сега само 50 проценти. Натаму, 20 отсто од испитаните го оценуваат како неоправдано задржувањето случајно најдени пари. За споредба, во 2000 година така мислеле 40 отсто од испитаниците.Британците уште се исто непопустливи кога станува збор за мамењето при добивањето социјална помош. Таквиот чин го осудиле 85 отсто од испитаниците во 2011 година, а 78 отсто во 2000 година.Студијата спроведена врз две илјади возрасни лица покажала и дека младите до 25 годишна возраст се посклони кон неприфатливо однесување. Само третина од испитаните помлади од 25 години сметаат дека е неоправдано да се мами при давањето на податоците потребни за вработување., додека против ова се изјасните три четвртини од испитаниците повозрасни од 65 години. За петина од од младите испитаници, лажењето е секогаш неоправдано, а за популацијата на 65 години бројката испитаници со истото мислење се искачува на 55 отсто.Авторите на студијата таквата разлика меѓу младите и старите испитаници ја објаснуваат со „животниот циклус“ убедени дека луѓето со созревањето сѐ повеќе држат до сопствените принципи. Сепак, ниското ниво на чесност меѓу младите е загрижувачка, бидејќи таквите принципи се стекнуваат во младоста, смета авторот на студијата, професор Пол Витли. Разидувањата меѓу двете возрасни групи испитаници се очигледни и според родот, па така произлегува дека жените се малку почесни од мажите. Меѓутоа разлики нема според припадноста но пштествената класа или според професиите. Степенот на чесноста е показател за здравјето на општеството. Со ерозијата на чесноста „луѓето стануваат недоверливи и не соработуваат едни со други, заедниците функционираат полошо, образовниот систем е полош, а послабо се одразува и на економски план, а тоа би можело да има навистина сериозни последици“, заклучува професорот Витли. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

