Забава
Пронајден бродски труп со товар вреден три милијарди долари?
Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари.
Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари. „Порт Николсон“ во 1942 година бил потопен од страна на германска подморница, во близина на Кејп Код. Брукс тврди дека бродот, кој пловел кон Њујорк, го лоцирал на длабочина од 213 метри и на оддалеченост од 80 километри од атланскиот брег на САД. Ловецот на богатство тврди дека бродот превезувал 71 тони платина, која во тоа време била вредна 53 милиони долари, според него бродот превезувал и злато и дијаманти. Платината била дел од исплатата на воени залихи кон САД од страна на Советскиот Сојуз. Брукс откри, дека, тој и неговата посада, бродот го идентификувале по бројот на пранецот, кој го снимила подводната камера. Тој изјави дека кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе се обиде да го извади богатството со помош на подморница на далечинско управување. Наспроти Брукс, од британската влада излегоа со тврдења дека бродот „Порт Николсон“ во моментот на потонувањето превезувал машини и воени залихи. По повод изјавите и тврдењата на Брукс сеуште не се огласила американската влада, можеби и поради тоа, што Советите подоцна на Вашингтон му платија за загубениот товар. Иако Брукс тврди дека по секоја цена ќе го извлече богатството, поморските закони се многу комплицирани, и доколку се покаже дека бродот навистина пренесувал вреден товар, тогаш можат да се појават повеќе барања за сопственост на товарот. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Трамп ја бакна вдовицата на Кирк во образ, јавноста реагира
Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните мрежи откако, на церемонијата во Белата куќа по повод именувањето на Серџо Гор за американски амбасадор во Индија, ја повика Ерика Кирк, вдовицата на починатиот активист Чарли Кирк, и ја бакна во образ пред присутните гости.
Дел од корисниците на интернет го оценија потегот како „непримерен“ и „непријатен“. Други, пак, го видоа гестот како емотивен и татковски, особено поради тоа што Ерика неодамна остана без сопруг и ја презеде улогата на извршна директорка на организацијата „Турнинг поинт УСА“, која нејзиниот сопруг ја основал во 2012 година.
Trump called for Erika Kirk and kissed her on the cheek in the Oval Office today pic.twitter.com/xHFFMINT12
— PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) November 10, 2025
Во својот говор, Ерика Кирк му се заблагодари на новиот амбасадор и со емоции се присети на сопругот:
„Чарли многу те сакаше, сигурно прв би ти се јавил кога би дознал за оваа позиција. Гордa сум на вашето пријателство и поддршката што му ја дававте на претседателот. Знам дека ќе биде со тебе секој ден во духот.“
Забава
Ким Кардашијан ги обвини гатачите дека ѝ дале лажна надеж оти ќе го положи правосудниот испит
Сонот на Ким Кардашијан за адвокатска кариера останува на чекање. Реалити ѕвездата и бизнисменка откри дека повторно паднала на правосудниот испит, а во видео на „Тик-ток“ се пожали дека гатачите ѝ дале лажна надеж дека ќе успее.
„Само да знаете, сите тие гатачи со кои се гледавме – сите се полни со сра*а. Ми рекоа дека ќе го положам испитот, а сите се патолошки лажговци. Не им верувајте на ништо!“, рече Ким во видео додека се подготвуваше за роденденот на мајка ѝ Крис Џенер.
Иако разочарана, Ким нагласи дека не се откажува и дека ќе продолжи со подготовките додека не го положи испитот.
„Шест години сум на овој пат и нема да се предадам. Неуспехот не е пад – тоа е гориво“, напиша таа на Инстаграм.
Кардашијан (45) сака да тргне по стапките на својот покоен татко, адвокатот Роберт Кардашијан, кој беше дел од одбраната на О. Џ. Симпсон. Таа полагала во јули, по четиригодишен правен програм, и вели дека ќе остане посветена додека не ја добие својата адвокатска лиценца.
Забава
(Видео) Најбрзата торта на светот – готова за 5 минути: без печење, а сè имате дома
Заборавете на часовите поминати во кујната. Ако некогаш сте сакале да го засладите денот без никакви маки, овој брз рецепт за најбрзата торта на светот е идеален – готова за само 5 минути, без печење, без неред во кујната и без чекање.
На прв поглед, оваа торта плени со својот изглед – сочна, луксузна и совршена за фотографирање. Но, она што навистина ќе ве воодушеви е фактот дека се подготвува побрзо отколку што можете да направите кафе. Без печење, без комплицирани чекори, без неред во кујната – само неколку состојки, една чинија и пет минути од вашето време. Да, добро прочитавте: пет минути! Затоа со право ја носи титулата најбрза торта на светот.
Совршена е за оние моменти кога имате гости, кога имате шеќерна криза или кога едноставно сакате нешто благо – веднаш. Мека, кремаста, а сепак доволно цврста за да се исече на совршени коцки, овој десерт е доказ дека брзината не мора да значи компромис со вкусот. Ако мислевте дека е невозможно да направите десерт за пет минути, време е да се запознаете со најбрзата торта на светот – бидејќи понекогаш најубавата е онаа што се создава за еден момент.
Состојки: сè што веќе го имате дома
– 1 јајце
– прстофат сол
– шеќер 50 г
– ванилин шеќер 10 г
– брашно 20 г
– пченкарен скроб 20 г
– млеко 500 мл
– путер 50-60 г
– чоколаден бисквит 300 г
– млечно чоколадо 180 г
– павлака за готвење 33-36% 90 г
– мелени кикирики 90 г
Подготовка:
За детали за тоа како да го подготвите овој колач, погледнете го видеото.
Слатко задоволство без чекање
Во свет каде што постојано брзаме, оваа торта е мал потсетник дека уживањето не мора да трае со часови. Потребни се само пет минути, неколку состојки и желба да го разубавите вашиот или денот на некој друг. Без разлика дали сте почетник во кујната или искусен гурман, најбрзата торта на светот ќе стане ваш таен адут за сите пригоди. Пробајте ја денес – и уверете се сами дека брзината и вкусот можат да одат рака под рака.
фото: принтскрин

