Забава
Џентлменот од Титаник одликуван по 100 години
Францускиот хемичар кој патувал и исчезнал во бродоломот на легендарниот „Титаник“ препуштајќи го своето место во чамецот за спасување на една патничка, ќе биде постхумно одликуван сто години по неговиот храбар кавалерски чин.
Францускиот хемичар кој патувал и исчезнал во бродоломот на легендарниот „Титаник“ препуштајќи го своето место во чамецот за спасување на една патничка, ќе биде постхумно одликуван сто години по неговиот храбар кавалерски чин.
За време на потонувањето на „Титаник“ 36-годишниот Рене Жак Леви го препуштил своето место во чамецот за спасување на една патничка од бродот, останувајќи на неговата палуба, се наведува во соопштението што во понеделникот го издаден здружението Royal Society of Chemistry, коешто постхумно по еден век ќе го одликува за овој несебичен и смел потег.
Одликувањето ќе биде врачено во април, на некој од потомците на Леви, пренесува AFP. Тој според податоците бил патник од Втора класа со купен тикет со број 2163 за тогашни малку повеќе од 12 фунти и 17 стерлинзи. Се качил во британското пристаниште Саутемптон на 10-ти април 1912 година а негова крајна дестинација бил Монтреал во сојузната канадска држава Квебек.
Благодарејќи на архивските материјали, била откриена судбината на младиот хемичар Рене Жак Леви , роден во францускиот град Нанси во 1975 година, којшто емигрирал во Канада во 1903 година заедно со својата сопруга и нивните три деца. Во Европа се вратил во 1912 година за да присуствува на погреб, по што се качил на „Титаник“ за да се врати кај семејството.
„Во повод одбележувањето на стогодишнината од потонувањето на ‘Титаник’ сметавме дека би било правилно на овој начин да биде поздравена смелоста на еден од нашите колеги“, изјави претседателот на k Royal Society of Chemistry, Дејвид Филипс.
Паробродот „Титаник“ тргна на своето прво и воедно последно патување од Европа до Америка на 10-ти април 1912 година, превезувајќи повеќе од 2.200 патници и членови на екипажот. На 14-ти април, на четвртиот ден од патувањето, „Титаник“ се судри со огромна санта мраз и потона во 2.20 часот на 15-ти април. Според различни извештаи, во хаваријата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 700 биле спасени.
Остатоците од потонатиот патнички брод останаа недопрени сé до 1-ви септември 1985 година, кога американскиот поморски археолог Роберт Балард и неговите француски колеги не ги пронајдоа на 325 наутички милји од брегот на Њуфаундленд во Канада. Оттогаш од остатоците на бродот се подигнати околу 5.000 артефакти. До остатоците на „Титаник“ се спуштија многу подморници, а некои од нив превезуваа и богати туристи авантуристи.
За потонувањето на легендарниот брод, напишани се стотици статии и книги, а снимени се и неколку филмови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка го покажа своето тело откако ослабе 90 килограми
Инфлуенсерката Кери О’Кејн привлече внимание на социјалните мрежи со својата трансформација откако ослабе 90 килограми. Нејзините нови провокативни видеа наидоа на добар прием кај сите.
@kerriokane Needed more than a hug #fyp #foryoupage #viral #transformation ♬ original sound – music.rly
Како што самата откри, тежела 140 килограми и се чувствувала депресивно, па затоа решила да се подложи на операција на намалување на желудникот. На Кери ѝ требаше уште една година за да ја постигне својата цел и да покаже како изгледа по сите процедури.
@kerriokane Im back i broke my phoneeee #fyp #foryoupage #viral #gastricsleeve #transformation ♬ original sound – Akbar Gbajabiamila
На социјалните мрежи ја следат голем број луѓе, само на TikTok над 70 илјади, а добила и бројни лајкови кога го покажувала својот напредок од ден на ден. Видеата со снимки „пред и потоа“ дури и им донесоа солзи на очите на некои.
Покрај нејзиното тело, таа го промени и начинот на облекување, а не недостасуваа и коментари за поддршка.
Многумина се воодушевени од нејзината упорност, но и од нејзиниот зачудувачки изглед, со оглед на тоа што Кери сега често објавува жешки снимки на мрежите и предизвикува воздишки кај своите обожаватели.
„Ме мотивираш“, „Честитки“, „Сега изгледаш како божица“, „Пукаш од самодоверба“, беа дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ја напаѓаа поради лошите перики: Сега им ја покажа својата природна коса
Актерката Никол Кидман е многу актуелна откако беше објавено дека се разведува од Кит Урбан по 19 години брак.
Брзо се проширија гласини дека Урбан веќе си нашол нова девојка, но Никол одби да коментира.
Со оглед на нејзиното неодамнешно појавување на Неделата на модата во Париз, Никол беше мета на негативни коментари за впечатливата перика што ја носеше, а сега реши да се смири со своите обожаватели.
Папараците ја фотографираа на аеродромот во Сиднеј, лежерно облечена, но и со нејзината природна виткана коса, и сите веднаш се согласија дека најмногу ѝ стои.
„Има толку убава коса, не знам што ѝ прават периките“, „Природната коса најмногу ѝ стои“, „Таа перика беше вистински неуспех“, „Има совршена природна коса“, беа некои од коментарите.
Да знаеше Никол Кидман како ќе реагираат луѓето на вештачките екстензии за коса и периката што ја носеше, веројатно никогаш немаше да го направи тој чекор. По пофалбите што ги доби за нејзината природна коса, дефинитивно сега ќе изгледа вака почесто.
Забава
(Видео) Голите фустани не се за секого: Инфлуенсерка проба неколку модели, па стана вирална
Трендот на голи фустани е позастапен од вообичаеното, а најмногу ги сака актерката Дакота Џонсон, која на некој начин ги направи познати.
Кога голите фустани за прв пат се појавија на црвениот тепих, имаше вистински „бум“. Потребна беше многу храброст за да се носат вакви модели, и тогаш и сега, но денес тие граници се малку поместени. Последната во низата што гордо прошета во еден од овие фустани беше Анџелина Џоли.
Ова ја поттикна и инфлуенсерката Дана Ричи да попушти и да проба некои модели, за кои навистина ви треба многу храброст.
„Како изгледа онлајн, а како во реалноста со трендот на голи фустани или како модните брендови ќе ме стават на црна листа… Златната дефинитивно ми е омилено, но не знам кога воопшто би го носела. Што мислите?“, напиша таа во описот на своето видео.
Инфлуенсерката проба златен, целосно транспарентен, а потоа и мрежест со цветни мотиви, кој сепак не ѝ се допадна.
„Опседната сум со злато“, рече таа, иако долната облека под неа беше јасно видлива.
Имаше модели со чипка, а имаше и фустан што личеше на рибарска мрежа. Едно е сигурно, за секој од овие модели ви треба многу храброст и самодоверба.
Видеото предизвика мешани реакции; имаше и такви на кои им се допадна, но и такви кои ги критикуваа нејзините избори и ѝ рекоа да се држи до некои природни материјали.

