Забава
На аукција 15 „користени“ Оскари
Петнаесет позлатени статуетки Оскари идната седмица ќе бидат понудени на аукција, на најголемата колекција на најголемите награди некогаш понудени на наддавање.
Петнаесет позлатени статуетки Оскари идната седмица ќе бидат понудени на аукција, на најголемата колекција на најголемите награди некогаш понудени на наддавање.Според соопштението на аукциската куќа „Nate D. Sanders“ аукцијата ќе се одржи два дена по доделувањето на годинешните награди Оскар. Се претпоставува дека меѓу понудените статуетки најголемо внимание ќе предизвикаат доделените на писателот Херман Манкиевиц за сценариото за култниот филм „Граѓанинот Кејн“ кој го освои заедно со славниот режисер и актер Орсон Велс во 1942 година. Овој Оскар, инаку единственото признание што тогаш го доби филмот „Граѓанинот Кејн“, на аукцијата на њујоршката филијала на аукциската куќа Sotheby’s пред четири години не успеа да ја достигне ниту ткн „резервна цена“ којашто ја бараше продавачот. Тогаш се очекуваше дека ќе биде продаден за најмалку милион долари. Меѓутоа во декември 2011 година, на наддавањето на аукциската куќа Nate D. Sanders оваа статуетка со видливи трагите на времето којашто ја имаше најниската прифатлива цена од 600 илјади долари беше продадена за 861.542 долари,Овој Оскар го следи специфична историја којашто е достојна да се стави на лента. Имено Орсон Велс ја загубил, но статуетката повторно се појави во јавноста по неговата смрт во 1985 година. Еден филмаџија, кој тврди дека Велс му ја дал како дел од некој облик на исплата, ја понуди на аукција првпат во 1994 година. Ќерката на славниот актер, Беатрис Велс поднесе тужба против понудувачот и во судска парница ја доби сопственоста на статуетката, но кога таа се обиде да ја продаде во 2003 година, таа беше тужена од Американската академија за филмски науки и уметности, која и ја доделува наградата. Имено, Академијата во 1950 година, за да ја спречи продажбата на врачените Оскари, во договорот вовела ставка кој на добитниците им забранува да ка продаваат на некого, освен на Академијата, и тоа за еден долар!. По парницата Беатрис сепак го доби правото на сопственост на Оскарот, а ја продаде на калифорниската непрофитна организација Dax Foundation, а таа, пак, неуспешно се обиде да ја продаде на њујоршката аукција во 2007 година. Инаку веќе неколку Оскари доделени пред 1950 година во последните години се продани на аукција. Така, Оскарот за најдобар филм кој во 1939 година го доби „Однесено со виорот“, своевремено го купи сега починатата поп икона Мајкл Џексон за сума од милион ипол долари.Другите Оскари коишто ќе бидат понуден на аукцијата којашто ќе се одржи на 28-ми февруари се најдобра фотографија за филмот „Кавалкада“ од 1933 година, за најдобра музика од филмот „Најдобрите години од животот“ од 1946 година, како и статуетката што во 1939 година ја доби Грег Толанд за филмот „Wuthering Heights“. Се очекува дека сите 15 оскари ќе достигнат цена од два милиона долари./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

