Контакт

Забава

Часовник кој вреди пет милиони долари

Објавено пред

Швајцарскиот производител Хабот, кој изработува часовници, го престави еден од најскапите часовници на светот, чија вредност се проценува на пет милиони долари.

Швајцарскиот производител Хабот, кој изработува часовници, го престави еден од најскапите часовници на светот, чија вредност се проценува на пет милиони долари. Часовникот, кој е направен од бело злато и е украсен со 1.282 дијаманти, ќе биде изложен пред одреден број на луѓе во Базел. Во изработката на часовникот, која треала 14 месеци, учествувале 17 луѓе. Аналитичарите наведуваат дека и покрај економската криза, швајцарските производители на часовници добро стопанисуваат најповеќе поради засилената побарувачка од Азија.   крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ѓоковиќ го продаде луксузниот стан во Мајами за шест милиони долари

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го продаде својот стан на плажата Мајами за шест милиони долари.

Станот е со површина од 225 квадратни метри, има три спални, три бањи и еден тоалет.

Исто така, има тераса која го опкружува станот од 159 квадратни метри, спа центар, библиотека, приватна градина, бар и базен со кабини.

Прикажи повеќе...

Забава

Две вредни слики од 17. век најдени во контејнери на паркинг во Германија

Објавено пред

Едно лице пронашло две многу вредни масла на платно, стари 350 години, во контејнери на паркинг во Германија.

„Сликите се пронајдени на постојка за одмор на патот А7, во близина на јужниот град Нирнберг“, објави германската полиција.

Човекот ги однел сликите во полицијата во Келн.

Првичните експертски проценки сугерираат дека и двете слики може да бидат оригинални.

Една од сликите може да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17. век, кој бил ученик на Рембрант.

Втората е најверојатно „Автопортрет на уметник“ од италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да откријат како овие два дела завршиле во отпад.

Полицијата ги објави сликите на Интернет, прашувајќи: „Кој ги препознава овие слики и кој знае како завршиле во отпад?“

Прикажи повеќе...

Забава

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

Објавено пред

Во северозападна Кина е откриен нов вид на праисториски гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата, објавија научниците.

Видот чиј латински назив е Paraceratherium linxiaense живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови.

Со главата можел да достигне висина од седум метри и да јаде од дрвјата, што го прави повисок од жирафа.

Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.

Во студија објавена во четвртокот во списанието Communications Biology, истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите, откриени во 2015 година, покажала дека тие припаѓаат на нов вид, различен од досега познатите џиновски носорози.

Целосно сочуваниот череп и вилица покажуваат сличност со денешниот тапир, е заклучокот на студијата предводена од Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг.

Новиот вид е поврзан со гигантските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека тие се движеле низ Централна Азија.

Носорозите слободно се движеле помеѓу северозападна Кина и индо-пакистанскиот потконтинент, што значи дека тибетската висорамнина во тоа време имала низински области, велат научниците.

„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија3 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет3 часа

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија3 часа

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ5 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион6 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет6 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет7 часа

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет7 часа

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ7 часа

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија23 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ1 ден

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија1 ден

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт1 ден

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет1 ден

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија1 ден

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион1 ден

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ2 дена

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет2 дена

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Досие