Забава
Нова потрага по мистеријата на Амелија Ерхарт
Американските истражувачи во јули ќе покренат уште една потрага во обидот да се реши една од најголемите мистерии на 20-от век, што и’ се случило на Амелија Ерхарт во нејзиниот обид да стане првата жена којашто го прелета целиот свет.
Аналитичарите проучувајќи ги старите фотографии откриле дел од нејзиниот авион од типот „локид електра“ и на таа основа ќе тргнат во истражувањето на островот Никумароро, дел од пацифичката држава Карибати. Истрагата ќе биде приватно финансирана, но американската администрација помогна во добивањето на сите потребни дозволи од властите на Карибати, пишуваат американските медиуми.
Амелија Ерхарт и нејзиниот навигатор Фред Нунан исчезнале во 1937 година, откако на летот околу светот од Нова Гвинеја полетале во правец на Хаваи. Досега се потрошени милиони долари во експедиции и обиди да се пронајдат некакви докази за нивната судбина. Судот во Калифорнија најславната жена пилот, првата жена којашто го прелета Атлантикот, официјално е ја прогласил мртва во 1939 година.
Според една од најприфатените верзии, авионот на Ерхарт останал без гориво и се урнал во океанот на патот од Нова Гвинеја до островот Хауленд, на кој планирала да слета и да наточи гориво.
Пред две години група истражувачи авантуристи пронајде фрагменти од коски на островот Никумароро, но со анализа не беше можно да се утврди дали станува воопшто збор за човечки коски, а не, пак, дали тие и’ припаѓаат на Амелија Ерхарт.
Океанографот Роберт Балард, кој учествуваше во откривањата на остатоците о потонатите легендарни бродови „Титаник“ и „Бизмарк“, пламено се залагаше за почнувањето на истражувањето на Карибати. Фотографијата на којашто наводно се гледаат остатоците од авионот „локид електра“, овозможува истрагата којашто опфаќаше претходно простор од повеќе од десетици илјади квадратни километри да се насочи на помала област.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон, исто така, е голем поборник за поведувањето истражување за решавањето на оваа мистерија. „Амелија Ерхарт беше хероина на нацијата, на луѓето им даде надеж и ги инспирираше да сонуваат повеќе и посмело“, вели Клинтон.
Исчезнувањето на Амелија Ерхарт од 2-ри јули 1937 година и натаму останува една од нерешените мистерии на 20-от век. Дали навистина останала без гориво и се урнала во морето, дали авионот имал проблем со моторот или во текот на летот го забележала островот и се обидела да слета на блискиот ‘рт, се некои од прашањата што беа поставувани сето време.
Амелија Ерхарт на патот околу светот тргнала од Окланд во сојузната американска држава Калифорнија. Таа преку Мајами, Јужна Америка, Африка, Индискиот потконтинент и југоисточна Азија стигнала на Нова Гвинеја. Дотогаш прелетала 35 илјади од планираните 48 илјади километри. Остатокот од предвидената рута во најголем дел требало да претставува лет преку Пацификот, што било најтешката етапа од нејзиниот пат околу светот и на којашто и исчезнала./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Една од најубавите жени во светот го сруши интернетот со разголени објави
Познатата и некогаш најплатена манекенка Алесандра Амбросио, која на 45 години со право се смета за една од најубавите и најзгодни жени во светот, моментално ужива во одмор во родниот Бразил, во придружба на нејзиното момче Бак Палмер.
Како поранешно лице на „Ангелите на Викторија“, таа успешно им пркоси на годините, а нејзиното извајано тело секојдневно инспирира восхит, и се чини дека го живее животот до максимум и ужива во нова љубов.
Таа објави серија провокативни фотографии и видеа од егзотичен одмор, позирајќи во танга бикини и покажувајќи го секој дел од своето совршено тело, а вниманието го привлече и нејзиниот партнер, кој исто така се фалеше со извајани мускули.
Тие се еден од најжешките познати парови со причина, а нивната врска започна во октомври 2024 година.
„Моето парче рај“, напиша Алесандра Амброзио на Инстаграм.
Зачудувачката убавица е сè уште кралица на модните писти, а таа воодушеви со својата самодоверба и изглед на големата ревија за враќање на „Викторијас Сикрет“.
Таа има две деца со поранешниот вереник Џејми Мазур, ќерката Ања и синот Ноа, а тие се разделија во 2018 година, но останаа во пријателски односи.
Забава
(Видео) Во 90-тите, мажите беа луди по неа, а денеска на 57 години таа се уште е неверојатно згодна
Пејачката Гвен Стефани е една од оние дами кои, дури и во своите 50-ти години, сè уште имаат причина гордо да ја покажуваат својата завидна фигура, а во нејзиниот случај и својата неверојатна енергија на сцената.
Со својот настап во Лас Вегас, оваа популарна музичка ѕвезда уште еднаш докажа зошто е на врвот на листата на најубави жени во светот, и привлече големо внимание со својот младешки изглед.
Таа носеше смела комбинација и апсолутно немаше потреба да крие ништо, бидејќи дури и на 57 години е вистинска секс бомба. Во чипкан горен дел што личи на градник и карирани панталони со плисирано здолниште, таа го покажа својот совршено рамен, затегнат стомак и деколте.
Ја собра косата високо, а шминката беше во согласност со нејзиниот стил – со препознатливиот и впечатлив црвен кармин што најчесто го нанесува.
@vegas I’ll never stop talking about seeing @Gwen Stefani at @Lenovo Tech World inside @Sphere ♬ original sound – Las Vegas
Не недостасуваше одлично расположение на сцената и во публиката, а пејачката повторно воодушеви со своето убаво, иако не сосема природно лице – беше критикувана дека е непрепознатлива поради козметички процедури.
Иако никогаш отворено не признала дека направила пластична корекција, разликата во споредба со претходниот период од нејзината кариера е очигледна.
Забава
(Фото) Драстична промена на почетокот на годината: Таа повеќе не е русокоса и тотално нè изненади
Иако Новата година штотуку започна, една од најпознатите модели на денешницата, Џиџи Хадид, одлучи да влезе во 2026 година како „нова“ личност. Иако отсекогаш ја познававме како русокоса, таа направи драстична промена и се приклони кон фаталните бринети.
Своите руси прамени ги замени со трендовска црна боб фризура, а оваа промена се покажа како многу смела, но и совршено одговара кога е во прашање лицето на Џиџи Хадид. Ѝ донесе сосема нов изглед и нова личност со доза на драма, па сега гледаме сосема поинаква Џиџи.
Фотографиите беа објавени на Инстаграм, но не е познато дали новата боја на косата е трајна или само еден од привремените експерименти што моделот се осмели да ги направи во соработка со позната козметичка компанија.
Сепак, со оглед на лавината од позитивни реакции на оваа објава и новиот имиџ на познатата манекенка, таа може да одлучи да биде бринета на долг рок.
Долго време ја гледаме како русокоса, можеби е време за нешто ново…и тоа веднаш откако Бредли Купер ѝ предложи брак на крајот од годината.

