Забава
Натпревар по брзо лазење на бебиња во Скопје
Напретвар по брзо лазење, натпревар на татковци во брзо пресоблекување и многу други натпревари каде победниците ги чекаат вредни награди.
Ова е дел од голема саемска манифестација за трудници, бебиња, родители и деца „Бебе саем“, што годинава по четври пат ќе с еоджри во Скопје.Предвидено е традиционалната саемска манифестација „Бебе саем” да се одржи од 4 до 6 мај ќе се одржи во спортскиот центар Борис Трајковски.Оваа година тридневната програма е збогатена со нови содржини, зголемен број на излагачи и уште повесела атмосфера. “Позитивните коментари од минатогодишните саеми, големата посетеност и радоста која ја причинивме во голем број семејства, оваа година уште повеќе не мотивираше да подготвиме уште повесела и поубава манифестација. Програмските активности се збогатени со многу интерактивни игри, како и простор пред салата со многѕ забава ”, изјави Златко Панков од Панекс, компанија која е организатор на оваа манифестација.Покрај тоа што детската забава ќе биде на прво место, едукативниот дел нема да изостави. И оваа година ќе бидат организирани работни сесии на различни теми: како полесно да се надминат проблемите со кои се соочуваат младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата. Посетителите ќе можат да се запознаат со најновите производи и услуги во детскиот свет, да учествуваат во разни игри и квизови, да гледаат театарски претстави, настап на детски групи, музика, забава, модни ревии и други активности, а секако и да си купат по нешто.Специјализираниот саем на едно место собира домашни и странски брендови чии производи и услуги се поврзани со бебиња, деца до 14 години, трудници и родители, како и врвни медицински експерти. За бремените жени се обезбедени катчиња за одмор и релаксација, посебен простор за бебиња, а за децата ќе бидат организирани ликовно, музичко, филмско и многу други катчиња каде сите деца според своите афинитети и моментални инспирации ќе можат да уживаат. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

