Забава
Сто години по потонувањето на Титаник, бродот Балморал оди по неговата рута
Стотина година по испловувањето на легендарниот пароброд „Титаник“ на неговото прво и последно патување од британското пристаниште Саутемптон кон Њујорк во неделата попладне исплови бродот „Balmoral“.
Со туристичкиот крстосувач „Balmoral“ испловија и многу потомци на патниците коишто патувале со „Титаник“, сакајќи да ги обноват спомените на членовите на нивните семејства.
Како и легендарниот пароброд, и „Balmoral“ исплови од Саутемптон со точно 1.309 патници, колку што се качиле и на „Титаник“ на 10-ти парил 1912 година, точно во 16 часот.
Патувањето Titanic Memorial Cruise беше организиран од туристичката компанија „Miles Morgan Travel“.за одбележувањето на трагедијата кога потона „Титаник“ пред сто години.
Организаторот на патувањето британската компанија „Miles Morgan Travel“ организира уште едно патување по истиот повод. Билетите за незаборавно крстарење по трагите на маршрутата по којашто пловел легендарниот „Титаник“ со туристичкиот крстосувач „Azamara Journey“ кој ќе исплови од Њујорк на 10-ти април 2012 година, од февруари се продаваа со попуст до 60 отсто. Заинтресираните така можеа да си го дозволат ова уникатно патување за најмалку две илјади долари или за најмногу 10.400 долари по лице. Претходните минимални и максимални цени се движеа од 4.900 до 14.900 долари.
Билетите, пак, за патувањето со „Balmoral“ беа одамна распродадени. Патниците пристигнале од триесетини земји од светот, а за патувањето платија меѓу 3.390 и 7.265 евра по лице, но и покрај екстремно високите цени билетите беа рапсродадени уште пред две години.
Бродот „Azamara Journey“ ќе исплови од Њујорк точно на 100-годишнината од кога легендарниот „Титаник“ тргна на своето прво и последно патување. По патот бродот ќе мине во Халифакс, а потоа ќе се насочи до местото на потонувањето на „Титаник“, каде што во спомен на загинатите во трагедијата ќе биде отслужена свечена литургија.
„Balmoral“ ќе ја повтори рутата на Титаник од трагичната ноќ во 1912 година. Бродот ќе плови до пристаништето Шарбур во Франција и ќе запре во Коби, пристаниште на западниот брег на Ирска во којашто „Титаник“ впловил на 11-ти април 1912 година. Потоа „Balmoral“ ќе го продолжи патот преку Аталнтикот до местот каде што потона „Титаник“, Во 2.20 часот на 15-ти септември, кога пред сто години паробродот се судрил со санта мраз, ќе се одржи комеморација во знак на сеќавање на жртвите, патниците и членовите на екипажот, како и на самиот брод.
Во текот на патувањето, на патниците ќе им бидат организирани историски предавања коишто ќе откријата многу итнересни детали за најпознатиот брод. Патниците ќе уживаат во истата храна и пијалаците со коишто биле послужувани патниците од „Титаник“. Ако посакаат, патниците од „Balmoral“, ќе можат и да ги облечат костумите што ги носеле патниците на „Титаник“.
„Станува повеќе збор за патување на сеќавањето, отколку за одмор“,изјави пред поаѓањето од Англија, Филип Литлџон, внук на бродскиот стјуард кој ја преживеа катастрофата.
Паробродот „Титаник“ на британската компанија „Вајт стар Лејн“, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик“. Тој бил најголемиот и најраскошен патнички брод на светот во времето на неговата изградба. Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник“ се судри со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути во 2.20 часот. Според различни извештаи, во хаваријата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 700 биле спасени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

