Забава
Третиот дел од американскиот џекпот од 656 милиони долари, оди кај пензионери
Се јави и третиот добитник на џекпотот, кој ја дели најголемата награда од 656 милиони долари извлечена на 31-ви март во лотаријата на Mega Millions, пренесе во средата телевизијата Sky News.
Среќниот лоз им донесе мултимилионска добивка на една постара двојка од американската сојузна држава Илиноис. За разлика од другите победници, коишто сака да останат анионимни, пензионерите Мерл и Пет Батлер, не успеаја да останат непознати за јавноста, бидејќи тоа е во спротивност со локалните прописи за лотарија.
„Гледав во лозот неколку минути, а потоа се свртев кон сопругата и реков: ‘Победивме’. Таа ме погледна со насмевка, а потоа рече: ‘Не, ние навистина победивме’. И тогаш таа се засмеа. Таа се смееше четири часа“, вели Мерл Батлер.
„Тоа беше страшно“, дополнува неговата сопруга.
Батлер велат дека сѐ уште не знаат на што ќе ги потрошат милионите, но дека размилуваат за инвестирање.
Претходно беше објавено дека сопствениците на другите два добитни лоза на американската лотарија Mega Millions, со рекордниот џекпот во историјата на приредувањето на оваа игра на среќа во САДм, се од сојузните држави Мериленд и Канзас.
Добитниците имаа две опции: да ја подигнат сумата одеднаш, но тогаш им се одзема одреден дел или на 26 годишни рати. Сопственикот на среќниот лоз од Канзас со добитничката комбинација 2, 4, 23, 38, 46 и дополнитлениот број 23, веќе ја избра првата опција, и се реши на еднократна исплата од 110,5 милиони долари по одбивањето на данокот, а не за 26 годишни рати кога би добил вкупно 218,6 милиони долари пред плаќањето на даноците.
Можноста да се стане мултимилионер преку ноќ, за само еден долар на лотарискиот тикет на Mega Millions, предизвика невиден интерес во САД, така во Њујорк на денот пред извлекувањето на 31-ви март пред киосците имаше илјадници луѓе коишто чекаа во ред за да купат лоз, со надеж дека ќе имаат среќа.
До овој џекпот, најголемата добивка на лотаријата е регистрирана на 6-ти март, 2007 година и изнесуваше 390 милиони долари. Таа им припадна на сопружници Меснер од Њу Џерси, и на возачот на камиони на трансконтинентални релации, Еди Нејборс од државата Џорџија, коишто по половина го поделија џекпотот. Во 2008 година семејството Харис од Џорџија, освои на Mega Millions речиси 270 милиони долари.
Најмасовната лотарија во Северна Америка, Mega Millions, започна во 1996 година и се приредува во 12 сојузни држави на САД. Веројатноста за добивка на лотаријата Mega Millions, според процените на самите организатори, изнесува 1 наспроти 176 милиони./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

