Забава
Купувачи на eBay нудат 130 илјади евра за голфот на Меркел
Цената на автомобилот „фолксваген голф“ стар 22 години порано во сопственост на германската канцеларка Ангела Меркел, на неколку дена пред крајот на интернет аукцијата се искачи на 129.995 евра.
Колата беше ставен на продажба на интернет страницата на eBay, но сѐ уште не е познато дали автомобилот веќе пронајде нов сопственик. Аукцијата завршува во понеделник.
Почетната цена на автомобилот изнесуваше 10 илјади евра.
Белиот автомобил на фотографијата изгледа дека е добро зачуван, а километражата на „голфот“ со три врати е 190.000 километри. Според весникот Spiegel, сегашниот сопственик на возилото, го купил пред околу една година со оштетувања на каросеријата. Кога ги видел документите, возачката дозвола на Меркел, во која стои нејзината поранешна приватна адреса, што е доказ за веродостојноста на сопственикот на возилото, тој е целосно го ремонтирал, изгланцал и украсил втомобилот.
Веројатно Меркел го користела автомобилот во првата половина на 1990-тите години. Како што е наведено во информацијата, во сопственост на Меркел автомобилот бил од од 1990 до 1995 година, потоа негов сопственик станал сопругот на сегашната канцеларка, Јоаким Зауер, а во 1996 година тој го продал автомобилот.
Во времето на комунистичката ГДР (Источна Германија) Ангела Меркел користела автомобил од марката „трабант“ а нејзин прв автомобил по обединувањето на Германија, бил токму овој „фолксваген голф“. Позната е вљубеноста на семејството на канцеларката Меркел кон оваа марка автомобили, и сега тие поседуваат автомобил од брендот Volkswagen Golf, кој го користи нејзиниот сопруг. Ангела Меркел, пак, ја возат во службен блиндиран автомобил од брендот Audi./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ејми Шумер ослабе, па ги избриша сите стари фотографии од „Инстаграм“
Ејми Шумер одлучи да почне одново на „Инстаграм“. 44-годишната комичарка и актерка ги изненади своите следбеници со бришење на сите претходни објави од својот профил оставајќи само една нова фотографија, на која позира во црвен фустан. Таа го објасни својот потег едноставно велејќи дека нема причина за тоа.
На новата фотографија ѕвездата од Trainwreck носи црвен мини фустан од „Валентино“ во облик на срце, кој го комбинира со чевли од „Шанел“.
View this post on Instagram
„Се чувствувам добро и среќно. Ги избришав моите стари фотографии без причина!“, напиша таа.
Неколку часа пред да го избрише својот профил, таа објави снимка од екранот од својата прва објава во своите инстаграм-приказни. „Мојата прва објава на ‘Инстаграм’. Ќе ги избришам сите – зошто да не?“, напиша таа.

Потегот доаѓа откога Шумер неодамна отворено сподели фотографии што го документираат нејзиното патување за слабеењето. Кон крајот на октомври таа објави серија фотографии со натпис „Се чувствувам силно и своја“.
Актерката претходно отворено зборуваше за своите проблеми со тежината, вклучувајќи ги и липосукцијата во 2022 година и ужасното искуство со лекот „оземпик“.
„Го имам генот GDF15, што ми прави исклучителна мачнина, поради што бев толку болна за време на бременоста“, рече таа во јануари во емисијата „Хауард Стерн“. „Значи, го пробав ‘оземпик’ пред речиси три години и бев како прикована за кревет. Повраќав, а потоа немате енергија. Но, другите луѓе го земаат и сè е добро. Па бог да ги благослови“.
Откога го проба „оземпик“, таа се префрли на друг лек – GLP1, „мунџаро“, три години подоцна. Во март оваа година таа објави видео во кое вели дека имала одлично искуство по втората инјекција.
Откога јавно ја сподели дијагнозата за Кушингов синдром во 2024 година, Шумер рече дека сака да стане застапник за женското здравје.
Кушинговиот синдром е ендокрино нарушување предизвикано од долготрајно покачено ниво на хормонот кортизол во телото и може да се појави поради прекумерно производство на кортизол или како резултат на земање глукокортикоидни лекови. Симптомите вклучуваат тркалезно лице, акумулација на маснотии во абдоменот и на вратот, тенка кожа, модринки, замор, висок крвен притисок и остеопороза.
„Срамот и критиките кон нашите постојано менувачки тела се нешто со што се справувам и на кое сум сведок долго време“, рече таа во видео на „Инстаграм“ во тоа време. „Толку многу сакам жените да се сакаат себеси и да бидат немилосрдни во борбата за сопственото здравје во систем што обично не им верува“.
Забава
Актерката што регрутира жени во култ сега учи како да спасува луѓе
Актерката Алисон Мек, најпозната по улогата во серијата „Смолвил“, по излегувањето од затвор, се обидува да изгради нов живот и кариера.
Таа беше уапсена во 2018 година поради учество во сектата НХИВМ, која се претставувала како организација за самопомош, а всушност служела за сексуално искористување жени. Во 2021 година беше осудена на три години затвор, а пуштена е во 2023.
Мек денес студира социјална работа и вели дека сака да го посвети животот на помагање на другите. Во седумделниот поткаст „Алисон афер НХИВМ“ призна дека ја злоупотребила својата моќ, но и дека дел од неа навистина сакал да им помага на луѓето.
Во сектата таа имала улога на шефица што регрутира жени уверувајќи ги дека станува збор за програма за женска моќ. Жените биле подложени на изнудувања, глад, жигосување и сексуална злоупотреба од водачот Кит Раниер, кој е осуден на 120 години затвор.
Забава
Концерт на Божо Вреќо на 21 ноември во Скопје
Божо Вреќо, најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија.
Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico.
Споменатите медиуми го нарекуваат и „икона на слободата, ангелски глас што ги милува душите и ги отвора срцата“. За неговата популарност и квалитет најдобро зборува фактот дека билетите за концертот кон крајот на минатата година во Сараево беа распродадени за само седум часа. Вреќо пее за љубовта, копнежот и раздвоеноста, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и признание на љубовта, оттаму и магијата на неговите концерти. Тој соработува со особените уметници од светски глас со кои има напишано и нови севдах текстови што неговата сè побројна публика едноставно ги обожава, од „Лејлија“ па сè до „Саба“. Божо Вреќо навистина се одликува со несекојдневен опус, бидејќи вредно работи на музиката и на истражувањето на балетот и операта, како и на документарни филмови за севдалинката, на која ѝ дава и свој авангарден придонес.
Секако, ги проучува и мистичностите на балканската автохтона монофона и полифона музика. Неговите концерти се вистински суфи транс кој во себе го носи севдахот во неговата изворна и целосно ослободена форма. Кај луѓето ги ослободува сите потиснати емоции и предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои се прелеваат од човек на човек и заедно создаваат бран воодушевување, љубов и катарза. Двојноста со која зрачи овој несекојдневен уметник го прави еден од најзначајните интерпретатори на модерниот карасевдах, кој жанровски навлегува и во сферите на џезот, блузот, спиритуалното и полифоното.
Билетите се достапни на karti.com.mk.

