Забава
Форбс објави листа на најбогати измислени ликови
Форбс објави листа на најбогати измислени ликови, а Бетмен конечно би требало да се откаже од скапите играчки потребниз а фаќање негативци, бидејќи според списанието, Брус Вејн повеќе не е најбогатиот суперхерој во улицата.
Всушност, ликовите од цртаните филмови и оние од Беверли Хилс заработуваат многу повеќе од него.
Витезот на темнината од Вејн Ентерпрајз заработи 6,9 милијарди долари, но според годишниот попис на заработка на фиктивните ликови, Ајрон мен е најплатениот борец за правда и тоа со заработка од 9,3 милијарди.
Сепак, самонаречениот „гениј, милијардер, плејбој и филантроп“ Тони Старк издвоил значителна сума за своето заштитно одело, па место најбогат лик на светот го загуби од тинејџерот вампир и змејот што го надмудри еден хобит.
Форбсовата листа на најбогати суперхерои изгледа вака:1. Смаг – 62 милијарди долари2. Флинхарт Гломголд – 51,9 милијарди долари3. Карслај Кулен – 36,3 милијарди долари4. Џед Клампет – 9,8 милијарди долари5. Тони Старк – 9,3 милијарди долари6. Ричи Рич – 8,9 милијарди долари7. Чарлс Фостер Кејн – 8,3 милијарди долари8. Брус Вејн – 6,9 милијарди долари9. Форест Гамп – 5,7 милијарди долари10. Лизбет Саландер – 2,4 милијарди долари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

