Забава
Словенија и Австрија во спор поради крањскиот колбас
Словенија и Австрија ќе се обидат на билатерално-техничко ниво да го надминат проблемот околу заштитата на географското потекло на крањскиот колбас, најави во вторникот во Брисел словенечкиот министер за земјоделство, Франци Богович.
Тој информираше дека експертски тимови од двете држави ќе се состанат наредната недела во Словенија, во обид да го надминат спорното прашање.Богович изрази уверување дека ќе се најде компромисно решение кое нема да влијае врз постапката на регистрација на крањскиот колбас како словенечки национален производ со заштитено географско потекло на ниво на Европската унија (ЕУ).Службениот весник на ЕУ во февруари го отфрли барањето на Словенија, бидејќи крањскиот колбас се произведува и во Австрија, но и во некои други соседни држави, поради што неможе да добие заштита со географско потекло.Според правилникот на ЕУ, сите фази на производството и преработката на земјоделските производи со заштитено потекло мораат да се одвиваат на одреденото земјоделско подрачје, кое би било опфатено со заштитата.Словенија го смета крањскиот колбас за свој национален производ и рецептот за негово производство го има заштитено на национално ниво. Во Словенија постои и национално здружение на производители на крањски колбас, кое доделува годишна награда за најдобрите производители.Австрија смета дека би имала големи комерцијални загуби доколку нејзините поризводители на колбаси бидат принудени да се откажат од широкоетаблираното име Krainerwurst и да го продаваат истиот производ под друг назив. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Познатата убавица во романтична креација ги плени погледите: „Дали оваа жена е реална?“
Моделот Алесандра Амбросио измамува воздишки каде и да се појави. Таа стекна голема популарност во модната индустрија, а својот успех продолжи да го покажува на светските настани.
Таа е редовен гостин на престижни филмски фестивали, па овој пат не ја пропушти можноста да блесне на Филмскиот фестивал „Red Sea“ во Саудиска Арабија.
Алесандра прошета по црвениот тепих во романтична креација која зрачи со чиста елеганција.
Беж фустанот е од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а е украсен со лелеав материјал, како и интересни кристални детали во ременот.
Покрај тоа, фустанот ја следи линијата на телото и ги открива нејзините женствени рамена.
За да го комплетира стајлингот, бразилската убавица додаде скапи додатоци од брендот „Pasquale Bruni“ и шминка во нежни беж тонови. Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за ниска пунџа што го заокружи ова женско издание.
Забава
Трендови за убавина со кои ќе се збогуваме во 2026 година
Секоја година носи нови модни и козметички трендови и ги брише старите, а ако веќе не сте се откажале од следните трендови – дефинитивно ќе се збогувате со нив во новата година.
Иако следењето на трендовите понекогаш е неизбежно, секој од нас пред сè треба да се познава себеси, своите навики и стил, и затоа да ги прифати (или игнорира) безбројните микротрендови што се менуваат од сезона во сезона.
Трендовите постојат за да се забавуваме, да си играме и да експериментираме, но само ако навистина ни одговара. И како што 2025 година се ближи кон крајот, добро е време да се осврнеме на трендовите во светот на убавината што нема да ја преживеат новата година: или затоа што повеќе не се наоѓаме во нив, или затоа што никогаш навистина не се вкорениле во нашите рутини.

Ултра дефинирани веѓи
Одамна знаеме дека веѓите имаат речиси магична моќ да го трансформираат лицето. Но, трендот сè повеќе се свртува кон поприроден, малку разбушавен изглед. Ламинацијата и микроблајдингот повеќе не се единствените опции, а впечатокот за „прецизно нацртани“ веѓи полека бледнее. Трендот фаворизира мека, природна форма што изгледа како едвај да е допрена, а дури и оние со ретки веѓи лесно можат да го постигнат тоа со добри гелови, мастила и моливи.
Балајаж
Иако балајажот и светлите прамени го врамуваат лицето прекрасно, тие бараат многу одржување. А следната година, акцентот е ставен на практичноста. Богатите кафеави тонови: од мока и чоколадни нијанси до сјајно еспресо повторно го заземаат тронот. Кафеавата коса повеќе не е „досадна“, туку елегантна, шик и благодарна за одржување.

Помалку руменило, повеќе бронзер
Руменилото е главен фаворит за шминка во последните години, но сè укажува на мал пресврт. Феноменот на „претерување со руменило“ го заменува трендот на загасита кожа. Бронзерите во нијанси на лешник, карамела и цимет стануваат хит за ефектот на вечно лето, а розовите нијанси привремено се ставаат во втор план. Носталгијата за почетокот на 2000-тите е повторно во полн ек.
Поостри линии на усните
Моливчето за усни не исчезнува, но начинот на кој го користиме дефинитивно се менува. Техниката за контурирање на усните дава помеки, поприродни сенки, кои создаваат впечаток на пополни усни без остри, видливи контури.

Класичната дефиниција на рабовите е заменета со помеко сенчење кое изгледа како природна сенка, само подобро.
Помалку сјај, повеќе свеж мат изглед
По опсесијата со естетика на стаклена кожа, трендовите полека се свртуваат кон мат ефекти, но во модерна, осветлена верзија.
„Светлосен мат“ носи мазна, уредна кожа која изгледа природно, свежо и беспрекорно, но без прекумерен сјај. Нова генерација на пудри и квалитетна подготовка на кожата ќе бидат клучни за овој изглед.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез го обележа роденденот на мајка си со емотивна објава
Гвадалупе Родригез, мајка на поп дивата Џенифер Лопез, го прослави својот 80-ти роденден со стил – во Лас Вегас.
Семејството и пријателите блиски до поп пејачката, како и нејзината мајка, се собраа за да го прослават овој прекрасен ден. Џенифер ја документираше целата прослава, објавувајќи фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм со емотивен опис:
„Ти си срцето на нашето семејство, мојот најголем учител и мојот вечен пример за сила, грациозност и безусловна љубов. Сè што сум, сум благодарение на тебе… твоите жртви, твојата вера, твојот хумор и начинот на кој сакаш.
Ти благодарам што секогаш веруваше во мене, што ме поддржуваш и што ме потсетуваш која сум…“, напиша Џеј Ло.
Според објавите, екипата беше повеќе од спремна да танцува до доцна во ноќта, а судејќи според фотографиите, Гвадалупе водеше.
Happy Birthday Mommy 🤍
80 years young!!! You are the heart of our family, my greatest teacher, and my forever example of strength, grace, and unconditional love. Everything I am is because of you…your sacrifices, your faith, your humor, and the way you love so deeply.
Thank… pic.twitter.com/jo1b6RbwN4
— jlo (@JLo) December 12, 2025
Покрај позитивната атмосфера, имавме среќа да го видиме и беспрекорниот изглед на гостите, особено Џенифер Лопез, која повторно воодушеви со своите вечерни тоалети.

