Забава
Диктаторите биле силно приврзани со своите мајки
Луѓето кои знаат дека се сакани и омилени деца на своите мајки во животот се одликуваат со необична самодоверба и непоколеблив оптимизам, кој често делува херојски и им донесува вистински успех, напишал Сигмунд Фројд.
Како што пишува магазинот „Форин полиси“, некои од најпознатите светски владатели имале фасцинантни, блиски, но и комплицирани односи со своите мајки, а истото важи и за некои од најголемите светски диктатори, од Хитлер и Мугабе до Милошевиќ.
Хитлер: Смртта на мајка му го зацврстила засекогашДодека со татко му често се карал поради слабите оценки на училиште, Адолф Хитлер за кого германската нација била единствена нација која заслужува простор за живеење, просто ја обожавал неговата мајка Клара. Кога како млад заминал од куќата за да се проба како уметник, таа го поддржувала, а кога истата година починала од рак, бил скршен од болка.
Во книгата „Мајн Кампф“ констатира дека оваа трагедија го зацврстила засекогаш, со тоа што од нежната мајчина прегратка полна со љубов, го фрлила во рацете на суровиот свет против кој подоцна водел битка.
Сталин: Мајко, зошто ме тепаше толку?Советскиот диктатор, Јосиф Висарионовиќ Џугашвили, познат како Сталин, исто така бил многу приврзан со неговата мајка , но имал проблематичен однос со неговиот татко, алкохоличар кој двајцата често ги тепал.
Работејќи напорно како перачка, неговата мајка Екатерина успеала да го запише на богословија и се изборила да го врати таму откако неговиот татко кој во меѓувреме го напуштил семејството, го зел со сила и го запишал на занает. Настојувајќи да го изведе на прав пат мајката меѓутоа и немилосрдно го тепала.
Кога остварела добро се грижел за неа, но ретко ја посетувал, а еден од последните разговори меѓу мајката и синот лекар бил:
„Зошто толку многу ме тепаше?Затоа толку си добар сега. Јосифе, кој си ти сега всушност?Се сеќаваш на царот? Па, јас сум како цар.Подобро би било да станеш свештеник.
Мајката на Мугабе: Не умее да се грижи за другитеРоберт Мугабе, диктаторот на Зимбабве често зборувал за својата мајка Бона, побожна католичка, која паднала во депресија откако ја напуштил мажот, а двата постари сина и умреле.
Семејството било доста сиромашно, а мајката строга и ладна, но на синот му всадила непоколебливо чувство дека мора да успее и да биде над сите, бидејќи од Бога бил предодреден за големи дела.
Кога бил избран за претседател, Бона меѓутоа рекла: Не е тој способен за тоа. Тој не е тип на човек кој ќе се грижи за другите.
Милошевиќ: Мајка ми никогаш не ми прости за МираСлободан Милошевиќ дошол на свет во воено време, а татко му го напуштил семејството. Мајката Станислава, учителка и комунистичка активистка, била центар на неговиот свет и детство.
Секогаш се трудела на училиште да го испрати со чиста бела кошула, како детска верзија на комунистички функционер каков што се надевала дека ќе стане еден ден.
По одењето во Белград, на факултет, Милошевиќ се запознава со колешката Мирјана Марковиќ, која со неговата мајка не се согласувала и се поретко одел дома, кај мајка си.
„Мајка ми никогаш не ми прости за Мира“ рекол наводно Милошевиќ. Депресивната Станислава во 1974 година се обесила во семејната куќа во Пожаревац, десет години откако се самоубил татко му.
Мајката на Бејби Док била страсна приврзаничка на вудуПоследниот „мамин син“ меѓу диктаторите бил Жан Клод Дувалије ( Бејби Док кој на чело на Хаити дошол по смртта на татко му во 1971 година, во својата 19-та година.
Прав владетел во сенка била неговата мајка Симон, жена со скромно потекло и страсна приврзаничка на Вуду.
Работите почнале да се менуваат дури по 10 години, кога Бејби Док се оженил со Мишел, ќерка на угледен бизнисмен и снаа на човекот кој го организирал пучот против неговиот татко.
Мајката по овој брак била потполно потисната на маргините, но кога бил симнат од власта му се придружила на својот син и неговата сопруга во егзил, каде со нив продолжила да живее и по спектакуларниот развод на сопружниците, наводно во голема сиромаштија, до нејзината смрт.
Бејби Док во 2011 се врати на Хаити и се уште е таму, официјално во куќен притвор, што не му смета да излегува со пријателите и да води удобен живот./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

