Контакт

Забава

“Дивино“ на “Гурман-фест“ со готвачки рекорд до храна за сиромашните

Објавено пред

Скопскиот ресторан “Дивино“ денеска и в сабота (18 и 19 мај 2012 година) ќе организира специјална акција со која ќе постави своевиден рекорд на Интернационалниот фестивал на храна и пијалок “Гурман-фест“ .

dobivaj vesti na viber

Готвачката екипа на ова популарно и пријатно собиралиште од скопската населба “Аеродром“, ќе испече 1.000 плескавици, а задутре ќе подготви 1.000 колбаси на штандот на “Дивино“ на “Гурман-фест“ кои потоа ќе ги донира на Црвениот крст на Република Македонија, со цел тие да стигнат до гладните и сиромашни сограѓани. „Нашето учество годинава на манифестацијата “Гурман-фест“ одлучивме да биде во знакот на корпоративната општествена одговорност и хуманиот пристап. Идејата е да поставиме еден своевиден национален кулинарски рекорд, но и да ја подигнеме свеста на јавноста дека меѓу нас има гладни и сиромашни сограѓани, вели Радомир Пандиловски, менаџер на ресторанот “Дивино”.„Свесни сме дека со оваа помош нема да ги решиме сите проблеми со кои што се соочуваат штитениците на  “Црвениот крст”, но се надеваме дека со овој гест делумно ќе им го олесниме животот. Сакаме да им овозможиме барем овие денови, кога целиот град е во знакот на добрата храна, и најзагрозените да добијат вкусен и топол оброк како сите нас“,  појаснува Пандиловски. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Сè повеќе луѓе порано ги украсуваат новогодишните елки – експертите објаснуваат зошто

Објавено пред

Фото: принтскрин

Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата.

dobivaj vesti na viber

„Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги вклучив светилките затоа што ми требаа. На сите ни требаа“, изјави тогаш една жена од Охајо за Cleveland.com.

Психологот Мелиса Робинсон-Браун вели дека е сосема очекувано луѓето да сакаат порано да се препуштат на празничното расположение.

„Луѓето жеднеат за среќа и радост“, објаснува таа.

Психологот Рајан Хаус ги охрабрува граѓаните да не се чувствуваат виновни ако сакаат рано да го украсат домот.

„Престанете со осудување. Ако тоа ве прави да се чувствувате добро, ова е годината да го направите“, вели тој. „Ако сте сакале да ја започнете празничната сезона уште во август – само напред и не чувствувајте срам.“

Според експертите, раното украсување може да разбуди убави детски спомени и чувство на носталгија.

„Украсувањето може да служи како потсетник на позитивни емоции и да помогне во спречување на стресот или анксиозноста“, вели психологот Ерлангер Тарнер.

Дополнително, и мирисите играат улога во обновувањето на спомените.

„Ако некој има празничен мирис што предизвикува позитивни емоции, самото негово присуство може да го подобри расположението“, наведува психологот Ребека Лесли.

Според познавачите, раното украсување може да поттикне и радосно исчекување – да нè потсети на моменти како семејни филмови, песни, печење колачи и празнични собири.

Прикажи повеќе...

Забава

Во втората половина на ноември, 3 хороскопски знаци ги чека награда од космосот: парите ќе им се лепат, а бизнисот ќе напредува

Објавено пред

Во втората половина од ноември три хороскопски знаци ќе почувствуваат награда од космосот – подобри финансии, напредок во работа и враќање на позитивната енергија која ја вложиле, пишува „Атма“.

dobivaj vesti na viber

Бик

Биковите по период на непредвидливи промени конечно влегуваат во фаза на стабилизација. Се наградува нивната доследност и трпение: можни се зголемени приходи, наплата на долг или нов деловен договор. Во односите добиваат признавање за својата лојалност. Емоционално – смирување, нови можности и чувство на сила и рамнотежа.

Рак

Раковите, кои долго давале повеќе отколку што добивале, сега добиваат благодарност и поддршка. Можни се подобрувања во домот, преселување или хармонија во семејството. На работа следат нови проекти, дополнителна заработка или признание. Можно враќање на стара шанса или личност. Емоционално – помирување и чувство дека енергијата конечно им се враќа.

Риби

Рибите по година на тешки лекции и работа на себе влегуваат во фаза на стабилност. Со директното движење на Сатурн, проектите добиваат форма, а трудот им се признава. Во емоциите доаѓа мир и чувство на поддршка. Интуицијата им е силна, можни се значајни „случајности“ и пресврти. Финансиски – подобрување, решавање долгови. Главната награда е духовното олеснување и обновената рамнотежа.

Прикажи повеќе...

Забава

Шакира позира со синовите на црвениот килим во Холивуд

Објавено пред

Од

Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.

dobivaj vesti na viber

Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.

Нова песна за филмот

Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo.

Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината во целиот свет на 26 ноември.

фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ2 часа

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија5 часа

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет6 часа

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет6 часа

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија7 часа

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет8 часа

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...

Европа8 часа

Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти

Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија1 ден

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија1 ден

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија1 ден

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија1 ден

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија1 ден

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија1 ден

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија2 дена

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија2 дена

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....