Забава
Одржан првиот Среќен Џамбо бинго ден
Во чест на сите играчи на Џамбо Бинго, Државна Лотарија на Македонија во понеделникот во центарот на Скопје го организираше првиот Среќен Џамбо бинго ден.
Џамбо Бинго ликовите, популарните Игор Џамбазов и Натали Грубовиќ, целото претпладне ги споделуваа сите Џамбо Бинго изненадувања кои беа подготвени од организаторот на настанот. Сите играчи кои уплатија над две Џамбо бинго картички беа изненадени со подароци. Со секоја уплатена картичка, следуваше купон со кој се станува потенцијален добитник на викенд во Крушево во вила Папу. Еден добитник ќе биде извлечен на самиот настан, а уште двајца, вечерва во 20 коло на Џамбо Бинго кое ќе може да го следите на Канал 5 од 20 часот.Среќниот Џамбо Бинго ден ни ги донесе и новите среќни добитници на Џамбо Бинго добивки, автомобилите Пежо 107, Сеат Ми и Фоклсваген ап. „Од 24 октомври минатата година под слоганот Вежбај радување, Државна Лотарија на Македонија започна да ги анимира своите Џамбо Бинго играчи. Досега се одржани 30 кола во кои со буџет од 30 милиони израдувавме многу наши играчи, вклучително и сопствениците на стоковите добивки-8 автомобили Пежо 107-изјави генералниот директор на Државна Лотарија на Македонија, Дане Кузмановски. „Денеска ги доделуваме клучевите на уште три автомобили, освоени во Џамбо Бинго. Интересно е што двата од нив за прв пат ќе се возат низ македонските улици. Моделите на Сеат Ми и Фолксваген Ап се најновите надополнувања на стоковите добивки во категориите Џек Пот Линии, реализирани како резултат на успешната соработка со Порше Македонија и Кадис, додава Кузмановски.Автомобилитите Сеат Ми и Фолксваген Ап беа извлечени во Велигденското Џамбо Бинго во категориите Џек Пот Линии. Добитничката на Џек Пот Линија, автомобилот Сеат Ми, Наташа Стевановска од Скопје, втор пат купува Џамбо Бинго картичка. Потрагата по чипс ја донела до среќната Џамбо Бинго картичка која дефинитивно и го разубави Велигденското празнување. Добитничката на Џек Пот Две Линии од Велигденското Џамбо Бинго, е втората скопјанка која празнично се израдува. Мартина Велевска од скопската општина Кисела вода ќе ужива во возењето на нејзиниот нов Фолксваген Ап.Единствениот маж помеѓу добитниците кои ги добија клучевите на своите нови автомобили денес беше скопјанецот Зоран Николовски. Тој е добитник на Супер Џамбо добивката од 17тото коло. Извлекувањето не го следел, за добивката дознал кога отишол да ја провери својата Џамбо Бинго картичка, а уште поинтересно е тоа што најголемото изненадување го доживеа во просториите на Државна Лотарија на Македонија каде откри дека освен пари, во добивката го има и автомобилот Пежо 107.Во чест на сите Џамбо Бинго играчи, Државана Лотарија на Македонија го воведува Среќниот Џамбо Бинго ден како ново освежување кое ќе донесе многу радост и пригодни изненадувања за сите наши играчи. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

