Забава
Титовите штафети изложени во Музејот на историја на Југославија
По повод Денот на младоста кој се одбележува на 25 мај, Музејот на историја на Југославија и оваа година привлекува бројни посетители кои доаѓаат од градовите ширум земјата, но и од странство да му оддадат почит на Јосип Броз Тито.
Една од постојаните поставки која привлекува најмногу внимание е изложбата на штафетите на Тито кои заземаат почесно место во Куќата на цвеќето.
Освен туристите кои доаѓаа да ги видат предметите кои му припаѓале на државникот, неговата облека, униформите и подароците кои ги добивал од најоддалечените земји во светот, главни посетители се неговите верни пионери.
„Се сеќавама дека како малечки се восхитувавме на неговиот авторитет и ни се причинуваше дека светот застанува кога ќе се појави некаде. Живеев во Крагуевац од каде потекнува прватаТитова штафета. Сите сонувавме за тоа да бидеме оној пионер кој ќе му ја предаде на Тито штафетата на младоста на стадионот ЈНА“, се сеќава Марија Славковиќ на своите пионерски денови.
Последната Титова штафета направена е во Словенија во 1987 година и веднаш предизвика скандал во Југославија. Дизајнерското ателје „Нов колективизам“ направи плакат со нацрт за штафетата која била, прерпавено нацистичко дело на „Третиот рајх“. Дури и според другото решение кое било покасно усвоено, штафетата била изработена од плексиглас и имала на себе осум капки крв, што од денешен аспект го навестувала распадот на Југославија.
Од бројните штафети коишто се изработени од 1945 година до смртта на Тито во 1980 година во музејот се изложени преку 200, некои од нив локални, некои сојузни и оние кои доаѓале од сите народи на тогашна Југославија. Во галеријата може да се најде и првата штафета која ја добил Тито во 1945 година од младината од Крагуевац.
Иако првобитно требало да биде штафета, на ученсиците не им се допаднал дизајнот и таа е заменета со книга на која се собрани птеку 15.000 потписи на младината на Шумадија.
Штафетата помионала низ 12.500 раце на младинците, војниците и фискултурците и минала пат од 9.000 километри за конечно да заврши во рацете на Тито на стадионот ЈНА во Белград.
Во штафетата секогаш имало порака на која е напишан поздрав до другарот Тито. „Другар Тито ветуваме дека вредно ќе работиме и ќе ја чуваме нашата социјалистичка земка како титови пионери“ пишува во една од пораките.
25 мај е датум прогасен за Ден на младоста во 1957 година на иницијатива на самиот Тито. Според некои приказни, Броз бил роден на 7 мај, што досега не е официјално потврдено./крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

