Забава
Флотилата во чест на Елизабета Втора влегува во Гинисовата книга на рекорди
Неделната флотила по Темза во чест на дијамантскиот јубилеј на британската кралица Елизабета II влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема речна поворка во светот, потврдија во неделата навечер претставници на организацијата за одредување светски рекорд.
Целосно трасата на поворката ја минале 670 различни пловила. Тоа е помалку отколку што тврдеа организаторите на флотилата, бидејќи во таа бројка беа вклучени и полициската и придружбата на другите служби, а некои од повисоките бродови можеа да се приклучат на флотата дури при крајот.
Сепак, без разлика на тоа, рекордот е поставен и официјално потврден. Во флотата беа вклучени пловни објекти изградени од 1740 до 2012 година.
Меѓу нив и бродот кој учествувал во одбележувањето на дијамантскиот јубилеј на кралицата Викторија во 1897 година, бродот кој бил вклучен во евакуацијата на британските војници во Данкерк за време на Втората светска војна, како и бродот на кој низ Темза во 1965 година, бил донесен ковчегот со телото на легендарниот британски премиер Винстон Черчил.
Исто така, по Темза пловеа и лебдечката „камбанарија“ со осум специјално моделирани за јубилејот камбани, чамци на веслање со знамињата на сите земји во Британскиот Комонвелт, чамци коишто се користат при пописот на кралските лебеди на Темза и други значајни бродови.
Вкупниот број на учесници во флотила изнесуваше 20 илјади, а бројот на гледачи 1,2 милиони.
Прославата мина без поголеми инциденти. Лондонските лекари од дежурните екипи пружиле помош на 369 учесници на народните прославувања, а 64 лица биле хоспитализирани.
Единствениот елемент кој морал да биде исклучен од програмата поради поројниот дожд и ниски облаци беш прелетот на деветте хеликоптери на Кралската морнарица коишто на небото требаше да формираат фигура на дијамант во чест на 60-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора.
Британските медиуми, исто така, објавија дека се регистрирани и голем број други рекорди, поставени во неделата во различни делови на Велика Британија. Така, во грофовијата Ланкашир е надминат рекордот постигнат при прославата на минатиот златен јубилеј според должината на уличната забава којашто се протегала на 2,4 километри.
Исто така, поставени се и нови рекорди за најдолга колона фанфари, најдолга празнична верига од знамиња и други.
Во Велика Британија и во странство се орагнизирани околу 10 илјади настани и забави во чест на годишнината од владеењето на кралицата, на кои присуствувале околу шест милиони луѓе. Меѓу нив и членовите на експедицијата на британските поларни истражувачи на Арктикот и британските трупи во Авганистан.
Милионите Британци во неделата му пркосеа на невремето, на ветрот и силниот дожд. А големиот мајстор на наутичката свеченост Адриан Ивенс изјави дека „во Велика Британија се шампиони кога станува збор за спречување на дождот да им го расипе прославуањето“.
Флотата ја предводеше малиот пароброд теглач „Духот на Чартвел“ (Spirit of Chartwell), богато украсен со црвени и златни тонови во стилот на речните теглачи од 17/18 век, кога флотилите по Темза биле вообичаени појави, претворен во кралски брод со кој пловеше кралицата Елизабета Втора, нејзиниот сопруг, 90-годишниот Филип, војводата од Единбург, и две генерации на Виндзор, синот 63-годишниот принц Чарлс, внукот принцот Хари и војводата и војвотката од Кембриџ, 29-годишниот внук Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Теглачот за кралицата беше преправен врз готов брод и по празникот украсите ќе бидат отстранети од него, а тој ќе се врати на вообичаената функција.
Конечно продолжениот празничен викенд ќе заврши со празнична црквена богослужба и процесија во вторник, на 5-ти јуни.
Утрото членовите на кралското семејство ќе го почнат во катедралата на свети Павле. После тоа, кралицата ќе присуствува на гала ручек за 700 гости во старата сала на Вестминстер Хол, а потоа со нејзиниот сопруг војводата од Единбург ќе минат по улицата Вајтхол до владината зграда.
Кога кралицата и принцот Филип ќе минуваат преку плоштадот Хорс-гардс-пирејд, во чест на празникот ќе бидат истрелани 60 артилериски плотуни. По владата тие ќе минат по алејата Мил, каде што кралицата ќе ја поздрават стотици илјади луѓе, и ќе пристигнат во Бакингамската палата.
Потоа ќе се случи традиционалната церемонија на појавување на балконот од Бакингамската палата, од каде кралицата Елизабета II и членовите на кралското семејство ќе ѝ отпоздравата на масата и ќе го следат прелетувањето над Лондон на борбени авиони на Кралските воздухопловни сили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

