Забава
Колекција инструменти на гитаристот Лес Пол продадена за 5 милиони долари

Колекција инструменти и лични предмети кои му припаѓале на „таткото на електрична гитара“, Лес Пол, понудена на наддавање организирано од аукциската куќа Julien’s Auctions, на наследниците на славниот музичар им донесе околу 5 милиони долари, пренесува во понеделникот Reuters.
Бисерот во колекцијата беше примерок од легендарната гитара Gibson Les Paul. Првата Gibson електрична гитара со компактно тело, конструирана од Лес Пол во 1950-те години, којашто во целиот свет се смета за еден од симболите на рок музиката и останува еден од најпопуларните модели. На пример, модел од електричната гитара Les Paul беше положена во ковчегот на починатиот музичар Боб Марли.
Примерокот понуден на аукцијата која се одржа викендов во Лос Анџелес, бил изработен во 1982 година. Оваа гитара е продадена за 180 илјади долари.
Меѓутоа, овој легендарен инструмент не беше единствениот раритет од колекцијата, имено на аукцијата беа презентирани исто така и гитарите Fender Nocaster од 1951 година и издадениот модел во 40-тите години на минатиот век, Epiphone Zephyr, на кој Лес Пол свирел за време на своите настапи. Гитарите на нивните досегашни сопственици им донесоа 216, односно 144 илјади долари.
Имињата на новите сопственици на раритетните инструменти не се соопштени.
Лес Пол, познат американски виртуоз на гитара, иноватор во областа на снимањето на звукот и текстописец, почина во 2009 година (роден е на 9-ти јуни 1915 година). Во 1941 година, Лес Пол ја измисли првата електрична гитара со цврсто тело. Покрај овој револуционерен пронајдок, Пол е познат и по својот уникатен стил на свирење, кој не само што го разликуваше од неговите современици, туку и ден-денес претставува пример за многу гитаристи.
Добитник на две награди Греми, Лес Пол е еден од ретките музичари кому му е посветена постојана поставка во американската Куќа на славата на рок’н’ролот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фатална и во шестата деценија: Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна беше цел на коментари за изјава за дете, што многумина ги сметаа за несоодветни. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание на себе.
Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, а горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетира со сандали на високи платформи и со спектакуларни обетки гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Никој не го тргна погледот од неа поради нејзиниот неодолив фустан

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ привлече внимание во необична креација, која совршено ги откриваше нејзините вити нозе и идеалната фигура.
Тајландската раперка и актерка Лалиса Манобал, која светската слава ја стекна како членка на групата Blackpink, а потоа ја доби својата прва актерска улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, привлече можеби најголемо внимание на 77. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес, сето тоа благодарение на фустанот што го носеше на оваа церемонија.
Розовиот фустан неодоливо личи на шеќерна волна, што не е прв пат оваа година да видиме таков стил на црвениот тепих. Сепак, иако ваквите фустани можеби станаа еден од најнеобичните трендови, што дури и бремената Ријана ги прифати, тие секогаш привлекуваат неверојатно внимание и ги ставаат своите сопственици во центарот на настаните.
Оваа креација се состои од неколку слоеви транспарентен тил, кој е најизразен на колковите, каде што има длабок шлиц што ја истакнува завидната фигура на популарната Лиза, како што ја нарекуваат, но целото внимание е сепак насочено кон нејзините вити нозе.
Бојата на фустанот ја комбинира со накит и светкави зашилени чевли.
Целиот изглед го заокружи со суптилна шминка и малку виткана коса, како и разоружувачка насмевка, што им ја подари на фотографите.
фото: принтскрин