Забава
Британскиот премиер си ја заборавил ќерката во паб!

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неговата сопруга Саманта ја заборавиле својата осумгодишна ќерка Ненси во пабот во кој ручале, потврди во недела кабинетот на Камерон.
Девојчето во пабот во Бакингемшир помина 15 минути пред Камерон да се врати по неа. Брачниот пар, по соопштението добиено од Кабинетот, бил ‘избезумен’ кога сватил дека Ненси не е со нив. Додваат дека настанот се случил пред неколку месеци, пишува Би-Би-Си.
Сопружниците Камерон во пабот, освен со Ненси, биле и со останатите деца, шестгодишниот Артур и 22 месечната Флоренс.
При заминувањето, Дејвид се одвезол со посебен автомобил со телохранителите, мислејќи дека Ненси е во другиот автомобил со неговата сопруга. Таа пак, претпоставила дека е обратно.
Кога стигнале дома, веднаш забележале дека Ненси не е со нив. За среќа, кога се јавиле во пабот, им рекле дека детето е таму.
Премиерот веднаш заминал по ќерката, се вели во соопштението од кабинетот. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин
Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.
View this post on Instagram
Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.
View this post on Instagram
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
View this post on Instagram
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин
Забава
И таа има 12 години? Новите фотографии од ќерката на Ким Кардашјан предизвикаа бес на социјалните мрежи

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан и нејзината 12-годишна ќерка Норт Вест неодамна беа фотографирани во Рим пред хотел. Според странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан на вечера.
И целата ситуација не би била вредна за забележување доколку дамите не избрале ризични комбинации.
За таа пригода Ким избра тесна сатенска облека, која ги истакнуваше нејзините бујни гради. Својот изглед го надополни со шминка во земјени тонови и брановидна коса.
Kim Kardashian and 12-year-old North West were spotted in Rome. 📸 pic.twitter.com/JACofYjZkl
— Rain Drops Media (@Raindropsmedia1) August 25, 2025
И тогаш вистинското изненадување беше таа – Норт Вест – ќерката на Ким Кардашјан и Канје Вест.
Таа носеше комбинација што предизвика јавно негодување. Се одлучи за црн корсет и мини здолниште, а нејзината долга, распуштена коса и големата количина шминка беа забележливи.
View this post on Instagram
Нејзиниот начин на облекување е, како што тврдат многу корисници на интернет, несоодветен за 12-годишно девојче. А ова се само дел од коментарите на Инстаграм: „Норт изгледа многу постаро од Ким“, „Родителството не е за секого“, „И таа има 12 години“.
фото: принтскрин