Забава
Низ светот има 200 потомци на Толстој
Праправнук на рускиот книжевник Лав Николаевич Толстој (1828-1910), Владимир, изјави дека во десетина земји низ светот живеат околу 200 потомци на славниот писател.
Владимир информира дека тие се состануваат секоја втора година, а последен пат лани во Швајцарија.
Во Русија живеат околу дваесет потомци, а во Шведска близу 100, додека другите се во Италија, Уругвај, Бразил, Америка и Франција.
Не се сите православни, туку има и католици и протестанти, пренесува „Виа“.
Владимир Толстој потсетува дека некои во 1945 година се вратиле во Русија од Југославија.
На прашањето дали потомците на Толстој се среќаваат со потомците на Достоевски, одговорил дека се среќаваат ретко, но дека нема антагонизам меѓу двајцата писатели.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, пред еден месец, го именува Владимир Толстој за еден од бројните советници.
Тој долги години работи како директор на меморијалот Јасна Полјана, 200 километри од Москва, каде книжевникот поминал поголем дел од својот живот.
Владимир Толстој пред неколку години ја повика Руската православна црква повторно да ги разгледа околностите под кои црквата го исклучила неговиот прадедо во 1901 година.
Тоа исклучување влијаело врз многу руски интелектуалци, а дистанцата остана до денес.
Руските свештеници на верниците не им советуваат да ги читаат делата на Толстој.
Стогодишнината од смртта на Толстој во 2010 година скромно е одбележана, а тој не само за црквата и туку и за државата останал бунтовник./крај/виа/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

