Забава
Криптата на Евлис Присли тргната од аукција поради бурно незадоволство на фановите
Организаторите на аукцијата на којашто во неделата беше планирано да биде продадена криптата на Елвис Присли, оваа необична понуда ја отстранија од наддавањето, поради масовното незадоволство на следбениците на кралот на рокенролот.
Телото на Елвис Присли беше погребано во криптата на гробиштата Форест Хил во Мемфис, во сојузната американска држава Тенеси, неколку дена по неговата смрт во август 1977 година. Но, два месеца подоцна, телото на пејачот повторно беше погребано во неговиот имот „Грејсленд“. Од тогаш, криптата остана празна.
Аукциската куќа Julien’s Auctions вети дека новиот сопственик на криптата ќе може да го користи мермерот и гранитот од гробницата за наменетата цел, како и да добие пристап до капелата на гробиштата каде се одржува погребната служба, како и други погребни услуги.
Прелиминарната процена на вредноста на криптата изнесуваше сто илјади долари.
Сепак, продажбата на овој култен симбол за обожувачите на Елвис Присли, за кои и неговите празниот гроб беше предмет на масовен аџилак, предизвика големи негодувања.
„Како можете да ја посетите оваа гробница и да минувате време таму во христољубива тишина, ако некој друг е погребан таму?“, се истакнува во соопштенито на фановите на Пеисли, коешто го потпишале повеќе десетици илјади луѓе, пренесува американската телeвизија ABC.
Организаторите на наддавањето истапија со соодветна изјава во којашто соопштија дека криптата нема да биде продадена, додека дирекцијата на гробиштата не најде решение што целосно ќе ги задоволи фановите на Елвис.
Кралот рокенролот Елвис Присли и натаму е најголемата икона на американската масовна култура , и многу години по неговата смрт останува во водечката тројка најкупуваните музичари во светот. Славниот пејач почина на својот имот „Грејсленд“ на 16-ти август 1977 година од срцев удар, предизвикан според една од верзиите, од злоупотреба на различни лекови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

