Забава
Милано сообраќајно најзадушен град во Европа
Милано е најзагрозениот европски град кога станува збор за сообраќајните метежи, покажа истражувањето на американското здружение Inrix кое се знимава со истражување на состојбата во сообраќајот користејќи ги податоците од европската агенција за статистика Eurostat.
Оваа северна италијанска метропола е права на листата од 25 сообраќајно најзадушени градови на Стариот континент. Веднаш зад Милано, се Брисел и уште еден белгиски град Антверпен, на четвртото место е Париз, а англиската метропола Манчестер е на петтото место. Eurostat, инаку, располага со податоци од тринаесет земји во Европа.
На врвот од земјите со најлоша состојба во сообраќајот е Белгија каде што возачите во текот на 2011 година при возење, односно во сообраќајните метежи губеле 55 часа, што е за два часа помалку отколку претходната година. Следува Холандија, каде што возачите во своите автомобили просечно минувале по 50 часа, што во однос на претходната 2010 година изнесува четири часа помалку, Потоа следуваат Франција и Германија со по 36 часа загубени во автомобил.
Сообраќајно „најпроточни“ земји се Луксембург, Унгарија и Ирска.
Интересно е што сообраќајните гужви во периодот меѓу 2010 и 2011 година најмногу се намалиле во земјите коишто воедно се и најпогодени од економската криза, за 49 отсто во Португалиај, за 25 отсто во Ирска, за 15 отсто во Шпанија и за 12 отсто во Италија.
Меѓутоа, финансиската криза којашто ја тресе до темели еврозоната, како што наведува Inrix, не ги поштедила ниту економски посилните европски земји. Сообраќајните метежи биле малку помали и во Германија, за околу 8 отсто, во Холандија за 7 отсто, како и во Белгија за 3 отсто.
„Сообраќајните гужви на патиштата и на автопатиштата се одличен економски идникатор кој, меѓу другото, ни покажува дали луѓето одат на работа, ги испорачуваат ли компаниите своите производи, дали луѓето трошат…“, смета директорот за комуникации и маркетинг во Inrix, Џим Бак.
Според Inrix во првите десет европскии земји со најголем сообраќаен метеж се: 1. Белгија, возачите губат 55 часа во сообраќајот – 2 часа помалку од 2010 година; 2. Холандија, возачите губат 50 часа – 4 часа помалку од 2010; 3. Италија, возачите губат 29 часа – 6 часа помалку од 2010; 4. Велика Британија, возачите губат 32 часа – 4 часа помалку од 2010; 5. Шпанија, возачите губат 34 часа – 6 часа помалку од 2010; 6. Франција, возачите губат 36 часа – нема промена од 2010; 7. Германија, возачите губат 36 часа – 3 часа помалку од 2010; 8. Австрија, возачите губат 27 часа – 2 часа помалку од 2010; 9. Португалија, возачите губат 23 часа – 2 часа помалку од 2010 и 10. Швајцарија, каде што возачите во сообраќајниот метеж губат 22 часа, односно 2 часа помалку отколку во 2010 година.
Доколку патувате низ Европа, и не сте подготвени да „се заглавувате“ во метежот, според ранг листата на Inrix треба особено да бидете внимателни кога престојувате во следните 25 европски градови: 1. Милано, Италија; 2. Брисел, Белгија; 3. Антверпен, Белгија; 4. Париз, Франција; 5. Манчестер, Велика Британија; 6. Ротердам, Холандија; 7. Рим, Италија; 8. Лондон, Велика Британија; 9. Утрехт, Холандија; 10. Фиренца, Италија; 11. Ливерпул, Велика Британија; 12. Барселона, Шпанија; 13. Мадрид, Шпанија; 14. Гент, Белгија; 15. Амстердам, Холандија; 16. Белфаст, Велика Британија; 17. Штутгарт, Германија; 18. Келн, Германија; 19. Лион, Франција; 20. Бордо, Франција; 21. Хамбург, Германија; 22. Њукасл, Велика Британија; 23. Нотингем, Велика Британија; 24. Севилја, Шпанија и 25.Гревенхаг, Холандија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

