Забава
Писмата на првиот грчки гувернер продадени за 26 илјади евра
Трисет и седум писма коишто ги напишал првиот водач на независната грчка држава, гувернерот Јоанис Каподистриас, продадени се на наддавање за 26 илјади евра соопшти аукциската куќа Vergis.
Писмата продадени во неделата, ги напишал Јоанис Каподистриас а биле адресирани на неговиот близок соработник Александрос Контоставлос и биле пишувани во периодот меѓу 1828 и 1830 година.
Идентитетот на купувачот на писмата не се наведува.
Во писмата се споменуваат големите напори на Каподистриас кој се трудел да направи ред во новосоздадената грчка држава, особено, ете и тогаш, главно мислејќи на финансиската дисциплина. Содржината на писмата импресивно потсетуваат на актуелната ситуација, пишува Greek Reporter.
Фрустрираниот гувернер очајнички се обидувал да стави ред во функционирањето на новоформираната грчка држава, без разлика што тоа ќе биде на товарот на народот.
Во писмата тој навестува дури и оти смета да се употреби сила против моќните земјопоседници кои му се испречиле на патот, бидејќи тој не можел да верува дека алчноста на некои може да доведе до игнорирање на неговите соработници. Овие искази се однесуваат на февруари 1828 година, кога Каподистриас морал да се соочи со владејачката елита на земјата.
Во друго писмо тој му одговара на својот соработник Контоставлос со убедување дека државниот буџет е избалансиран. Тој нашол ресурси достапни но во тоа време далеку помалку отколку што било потребно за да се покријат потребите на грчката држава. Тој признава дека страдал повеќе од својот народ, бидејќи тие немаат леб да јадат а тој не е во состојба да им ги обезбеди нивните дневни потреби./крај/ана/гр/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

