Забава
Се бројат деновите до „Егзит“ – скоро се е пополнето
Организаторите ги завршуваат последните подготовки пред овогодинешниот фестивал „Егзит“ на Петроварадинската тврдина од 12 до 15 јули.
Слободни места во хотелите и хостелите за овие четири дена има многу малку, иако цените за сместување скокнале скоро двојно, па сумата која треба да се издвојат, пишува српскиот весник „Блиц“.
За домашните, но и за странските посетители најатрактивни се хостелите, меѓутоа повеќето се пополнети, а има и некои кои се букирани уште од минатата година.
„Кај нас се е пополнето уште од декември“ велат од хостелот „Подбара“.
Во хотелот „Сова“ има место за спиење, но по цена од 25 евра, а доколку резервирате онлајн, цената е 30 евра.
Според досегашните искуства, како што пренесува „Блиц“ секогаш може да се најде сместување во последен час, бидејќи секогаш се случува некој кој резервирал да не се појави, но тогаш цените се многу повисоки.
Во еден од хотелите, кои исто така се преполни, една двокреветна соба за 12 јули чини 7.000 динари за две лица.
Постои и опција приватно да изнајмите стан, којшто чини околу 200 евра за четири дена, па кога ова ќе се подели на четворица, за многумина ова е најприфатилва опција.
За оние кои сакаат сместување на самата тврдина тука е луксузниот хотел „Леополд“, кој досега бил изнајмуван само за гостите и изведувачите на фестивалот, а сега ги отвара вратите и за посетителите на „Егзит“. Дневната цена за сместување во овој хотел е 80 евра по лице, а во ова е пресметана и влезницата.
Влезницата за четири дена чини 6.990 динари или околу 63 евра, додека еднодневните за четврток, петок и недела чинат 3290 динари или нешто помалку од 30 евра, додека за сабота влезницата чини 3490 динари.
Од наредниот вторник, 10 јули престанува промотивната продажба нема карти, па комплет за четири дена ќе чини10.990 или скоро 100 евра.
Секогаш популарниот „Егзит вилиџ“ оваа година е сместен на плажата Штранд и од 9-ти до 18-ти јули ќе ги нагости сите луѓе на кои кампувањето, Дунав, музиката и друштвото им се незаменливо искуство.
Оваа година Вилиџ обезбедува уште повеќе забава, во која спаѓаат бината, чил-зона, песочна плажа, спортови како бадминтон, мин голф, пинг-понг и фудбал и вештачка карпа. Влезницата чини 2.600 динари или околу 23 евра.
Во четврток на 12 јули ќе настапат Duran Duran, Gossip, Sub Focus, DJ Set & MC Id, Skindred, MistaJam, Kriške, во петок на 13 јули ќе настапат New Order, Hercules and Love, Affair, Netsky feat MC Dynamite, Drumsound & Bassline Smith feat MC Dynamite. Во сабота 14 јули ќе настапат Erika Badu, Plan B, Suicidal Tendencies, Borgore Reflections of Internal Rain,а во недела 15 јули, Guns n’ Roses,Wolfmother, Skream & Sgt. Pokes,Goldie feat SP:MC, Partibrejkers, ŽeneKese./крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

